Начинот на варење на кафето е битен за нашето здравје

- Advertisement -

Веќе е познат фактот дека кафето сварено во ѓезве (турско кафе) содржи високо ниво на супстанции кои го зголемуваат холестеролот (дитерпени, кафестол и кахвеол), што значи дека тоа е најлошиот начин да го подготвите омилениот топол пијалак за нашето здравје.

Шведски истражувачи од Универзитетот во Упсала, во соработка со колегите од Технолошкиот универзитет Чалмерс, одлучија да добијат слика за содржината на супстанциите кои го зголемуваат холестеролот во кафето од различни типови на машини кои најчесто се користат во домаќинствата и особено на работа денес.

- Advertisement -

Тие проучувале четиринаесет машини за кафе и можеле да увидат дека нивоата на овие супстанции зависат од процесот на филтрирање, бидејќи не сите машини за кафе успеваат да ги филтрираат доволно добро. Покрај тоа, проблемот варира меѓу различни типови на машини за кафе, а концентрациите исто така покажале големи варијации со текот на времето.

Обичен кафемат со хартиен филтер успева речиси целосно да ги филтрира овие супстанции кои го зголемуваат холестеролот, но колку добро конвенционалните апарати за кафе, кои се наоѓаат во јавните средини како што се работните места, ги филтрираат овие супстанции, досега не е истражено.

- Advertisement -

Во студијата истражувачите испитувале четиринаесет машини за кафе во соби за одмор на различни работни места, користејќи пет од најчестите видови мелено кафе. Во неколку наврати земале примероци од кафето приготвено од машините и ја анализирале содржината. Имало голема разлика меѓу машините во однос на нивоата на кафестол и кахвеол во кафето што го приготвувале, но нивоата, исто така, можеле да варираат во различни периоди.

Во компаративните анализи истражувачите истражувале еспресо, француско кафе, сварено кафе и сварено кафе поминато низ платнениот филтер. Свареното кафе содржело најмногу дитерпени по чаша, а некои примероци од еспресо, исто така, содржеле високи нивоа, но имало големи варијации.

- Advertisement -

Повеќето од примероците на кафе содржеле нивоа што може да влијаат на нивото на ЛДЛ холестеролот кај луѓето кои пиеле кафе, како и на нивниот иден ризик од кардиоваскуларни болести. За луѓето кои пијат многу кафе секој ден се претпочита филтер кафе или друго добро филтрирано кафе. Накратко, „кафето со филтер“, кое не е баш омилен начин на подготовка, всушност, е најздравиот начин на подготовка, иако сите ќе се согласиме дека е и најмалку вкусно.

Студијата за ова истражување е објавена во списанието Nutrition, Metabolism & Cardiovascular Disease.

(Vidi.hr)

(фото: Hippopx)

Сподели!
- Advertisement -