ChatGPT достигна 400 милиони корисници

- Advertisement -

Од самиот почеток ChatGPT на OpenAI, лансиран во ноември 2022 година, го привлекува вниманието на јавноста. Во февруари 2023 година, само два месеци по лансирањето, веќе имаше 100 милиони месечни корисници.

За само две години од неговото лансирање, во 2024 година, достигна 200 милиони претплатници. После тоа бројот на активни корисници се удвои за само неколку месеци и според OpenAI, ChatGPT сега има 400 милиони неделни корисници.

- Advertisement -

За да го продолжи овој моментум компанијата подготвува две нови верзии: GPT -4.5 и GPT-5. Овие модели ветуваат побрзи, попрецизни и пред се, поприродни реакции. Дополнително, OpenAI сака да го поедностави корисничкото искуство. Корисникот не треба да избира помеѓу различни модели, алатката автоматски ќе се прилагоди.

Дополнително, OpenAI работи на уште поширок пристап до својата вештачка интелигенција, а GPT-5 наскоро би можел да биде достапен за секого бесплатно.

- Advertisement -

(Bug.hr)

(фото: Pexels)

Сподели!
- Advertisement -