Apple годинава ќе претстави три нови модели iPhone

- Advertisement -

Apple годинава веројатно ќе претстави  уште три нови модели iPhone.  Компанијата вообичаено претставува по три телефони секоја есен и се чини дека 2019 година нема да биде поинаква

Изгледа дека една од најголемите новини кај телефоните ќе биде системот камери до три леќи. Претставувањето на новите уреди привлекува огромно внимание од медиумите, од консументите и од Волстрит, а годинава повеќе од кога било им е потребно внимание со оглед на падот на продажбата на iPhone.

Телефоните на Apple за 2019 година ќе бидат со иста големина како минатогодишните. Како што пишуваат медиумите, можно е Apple да стави OLED екрани на сите три нови модели  за разлика од минатата година, кога два телефони имаа LCD, а еден OLED екран .

Сподели!
- Advertisement -