Кина планира да изгради соларни станици во вселената

- Advertisement -

Кина планира да изгради соларни станици во вселената, кои треба да бидат постојани извори на енергија. Првата од тие станици треба да биде широка околу еден километар кога ќе биде завршена, а нејзината задача е да собира сончева енергија без да се справува со пречки како што се временските услови, ноќниот мрак и атмосферата.

Целта на идејата е да се собере сончева енергија, која е многу поинтензивна во вселената, каде што густината на енергијата е до 10 пати поголема отколку на Земјата. Оваа енергија потоа би се претворила во микробранова радијација и потоа би била испратена на Земјата за употреба. Така станицата, всушност, би станала континуиран извор на енергија. Исто така, за ова решение не е потребна жица, туку енергијата би се пренесувала со микробранови до приемник на Земјата.

- Advertisement -

Она што е интересно е фактот дека проектот го водат експерти меѓу кои и Лонг Лехао, ракетен научник од Кинеската академија за инженерство. Тој ја споредува важноста на сончевата станица со преместувањето на браната Три клисури (најголемата хидроелектрична централа во светот) во орбитата.

Што се однесува до временската рамка, мали тестови ќе се направат во стратосферата помеѓу 2025 и 2029 година, MW станицата се очекува до 2030 година, а комерцијалната GW станица до 2050 година.

- Advertisement -

(Klix.ba)

(фото: Raw Pixel)

Сподели!
- Advertisement -