Семос Едукација успешно го организираше AI Fest 2025 – Национална иницијатива за развој на AI вештини

- Advertisement -

Во новите простории на Семос Едукација, лоцирани на Кејот на реката Вардар, денес свечено започна AI Fest 2025, најголемиот фестивал посветен на вештачката интелигенција во регионот. Овој уникатен настан кој ќе трае 50 дена, сé до 5 јуни, и ќе вклучи бројни активности и обуки за усвојување на вештини поврзани со вештачката интелигенција.

Почетокот на AI Fest 2025, кој се одржа на 8 април 2025 година, го одбележаа:

- Advertisement -
  • 60 бесплатни вебинари на 18 различни теми, насочени кон бизнис корисници, ИТ професионалци и AI ентузијасти;
  • Обид за поставување на GUINNESS WORLD RECORDS™ за најголем број корисници вклучени во AI онлајн сесии во период од 24 часа;
  • Панел-дискусии, практични обуки, испити и многубројни интерактивни активности за различни целни групи.

Фестивалот се одржува како дел од Националната иницијатива за развој на AI вештини, глобален проект креиран од Microsoft во соработка со партнери низ светот, меѓу кои и Семос Едукација како официјален партнер за Македонија и регионот.

Иницијативата беше поддржана од Министерството за дигитална трансформација и партнерите Support and Solutions Center, Стопанска банка, Телеком, Триглав Осигурување и други компании и институции, кои ја препознаа важноста на развојот на AI капацитети во земјата.

- Advertisement -

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, кој присуствуваше на отворањето, изјави:
„Сепак, дигиталната трансформација не е само за институции или компании. Таа почнува со секој поединец. Во новата дигитална ера, дигиталната писменост е новата писменост. Затоа вложуваме во програми за преквалификација, дигитална едукација за ранливи групи, и посебно во создавање на AI вештини кај младите”.

Семос Едукација уште еднаш покажа зошто е водечки образовен центар во областа на информатичките технологии во Македонија. Со организацијата на AI Fest 2025, компанијата ги постави темелите за понатамошен развој на вештини и компетенции поврзани со вештачката интелигенција – критични за иднината на индивидуалците, компаниите и целото општество.

- Advertisement -

Валентина Тасева, сопственик и директор на Семос Едукација, изјави:
Националната иницијатива за развој на AI вештини претставува стратешки чекор напред, со кој обезбедуваме секој граѓанин, од студент до искусен професионалец, да има пристап до квалитетна едукација и практични знаења во областа на вештачката интелигенција. Македонија мора да биде препознаена ширум светот! За следната генерација, за младите, единствениот пат кон модерно и развиено општество е преку технологија — а вештачката интелигенција е најветувачката можност во моментов.

Повеќе информации за настанот и реализираните активности може да се најдат на официјалните веб-страници: https://ainsi.mk и https://semosedu.mk/semos-ai-courses

Сподели!
- Advertisement -