Google Street View повторно на улиците на Северна Македонија

- Advertisement -

Автомобилите на Google Street View оваа пролет се враќаат во Северна Македонија. Во наредниот период ќе се движат по јавните патишта низ државата, вклучувајќи ги, но не ограничувајќи се на, Скопје, Куманово, Битола, Прилеп, Тетово, Штип, Велес, Охрид и Струмица. Целта на ова возење е да се ажурираат фотографиите на Google Street View од градовите, патиштата и автопатите во Северна Македонија на Google Maps.

Благодарение на Google Street View, корисниците веќе можат да истражуваат некои од најзначајните знаменитости во Северна Македонија, вклучувајќи историски локалитети, културни споменици и природни убавини како што се прекрасните брегови на Охридското Езеро, историскиот Камен Мост во Скопје или живописните улици на Битола. Бидејќи инфраструктурата во градовите и меѓу нив се развива со текот на времето, неопходно е редовно ажурирање. Новите фотографии ќе им помогнат на корисниците да се движат поефикасно и да ги планираат своите патувања со поголема леснотија. Street View нуди поглед од 360 степени на улиците, како и културни и природни знаменитости.

- Advertisement -

Google е силно посветен на заштита на приватноста. Пред да се објават собраните фотографии, тие се обработуваат со технологија која ги замаглува лицата на луѓето и регистарските таблички на возилата за да се осигура дека тие не можат да се идентификуваат, со што се заштитува приватноста. Дополнително, Street View обезбедува додатна функција за замаглување на сликите (поединци, автомобили, куќи итн.), што може да се побара со кликнување на копчето „Пријави проблем“ во долниот десен агол на објавените слики на „Google Maps“. Повеќе информации за Политиката за приватност на Google може да се најдат на: https://policies.google.com/privacy.

Street View е популарна функција на Google Maps, со над 220 милијарди слики на Street View од целиот свет, вклучувајќи ги Антарктикот и Арктикот. Достапно е на десктоп и мобилни уреди, како и на Google Earth.

- Advertisement -

Возењето ќе започне во наредните недели, а повеќе информации за Street View може да се најдат на: https://www.google.com/streetview/

Сподели!
- Advertisement -