- Advertisement -
Малопродажните цени на бензинот од 98 октани, на дизелот и нафтата за горење од полноќ се намалуваат за 0,50 денари по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.
Новата цена на бензинот „еуросупер-98“ ќе изнесува 71,50, а на дизелот и на „екстра лесното масло за домаќинство“ ќе изнесуваат по 64,00 денари за литар.
- Advertisement -
Малопродажната цена на бензинот„еуросупер-95“ не се менува и останува 73,50 денари.
За 0,716 денари поевтинува мазутот М-1 НС и еден килограм ќе чини 36,992 денари.
- Advertisement -