Tiny t2 е најмалиот мобилен телефон во светот

- Advertisement -

Со тежина од само 31 грам и големина како просечен приврзок за клуч, Tiny t2 е нов минијатурен и целосно фунцкионален мобилен телефон кој го претстави британската компанија Zanco.

Слично направија и во 2017 година со моделот Tiny t1, кој беше навистина добро прифатен ако се суди според објавените рецензии во медиумите. Новиот модел Tiny t2 е вистинско мало технолошко чудо со оглед на тоа дека сите потребни делови се ставени во нешто толку минијатурно.

- Advertisement -

Телефонот има екран со дијагонала од 1 инч, има приклучок за слушалки, отвор за microSD картичка, камера од 0,3 мегапискели и 3G. Батеријата му трае дури една недела.

Секако дека оване се перформанси од кои ќе ве заболи глава, но компанијата Zancou не го ни замислила Tiny t2 како ваш примарен мобилен телефон, туку како резервен мобилен за кој ќе имате место во џебот.

- Advertisement -

За Tiny t2 моментално е во тек кампања на Kickstarter, каде што можете да го набавите со донација од најмалку 59 долари. Кога ќе почне производството, цената ќе биде значително повисока – околу 130 долари.

https://www.kickstarter.com/projects/642875321/zanco-tiny-t2-the-worlds-smallest-phone
Сподели!
- Advertisement -