Во Пекинг се одржа првиот полумаратон на хуманоидни роботи во светот

- Advertisement -

Кинеската престолнина беше домаќин на полумаратон на хуманоидни роботи, прв ваков настан одржан во светот, објавија кинеските медиуми. Настанот беше организиран во време кога кинеската влада го промовира развојот на роботиката и вештачката интелигенција во екот на се поинтензивното технолошко ривалство со САД, пренесува агенцијата Kyodo.

Полумаратонот долг 21 километар има посебни патеки за роботи и луѓе. Според предлозите на натпреварот, роботите морале да бидат двоножни и способни да трчаат автономно или преку далечински управувач и биле обврзани да ја завршат трката во рок од три и пол часа.

- Advertisement -

На настанот учествуваа околу 20 екипи, каде што им беше дозволено да менуваат батерии и да користат повеќе роботи за штафетни трки. Висината и тежината на роботите варираат така што највисокиот робот бил висок 180 сантиметри, а најмалиот 75.

Фото – Wikimedia

Сподели!
- Advertisement -