Јапонци вештачки одгледаа парче пилешко месо со големина на медалјон

- Advertisement -

Научници во Јапонија одгледаа парче пилешко месо со големина на медалјон користејќи нов метод кој овозможува доставување на хранливи материи и кислород во вештачки ткива. Ова претставува голем чекор напред во развојот на лабораториско месо.

Претходните лабораториски методи произведуваа само мали ќелии со дебелина помала од еден милиметар, но тим од истражувачи успеа да одгледа квадратно парче пилешко месо широко седум сантиметри и дебело два сантиметри, тешко околу десет грама, се вели во извештајот во списанието Trends in Biotechnology.

- Advertisement -

Тоа парче месо ја добило својата структура благодарение на специјалниот биореактор кој користи 50 шупливи влакна како вештачки вени, овозможувајќи ткивото да се снабдува со хранливи материи и кислород, насочувајќи ги клетките да растат во посакуваните правци.

Иако овој култивиран медалјон не е направен од материјали погодни за човечка исхрана и никој не го пробал, истражувачите истакнуваат дека новата технологија може да претставува значаен чекор кон масовното производство на лабораториско месо.
Се очекува дека овој метод може да придонесе и за напредок во регенеративната медицина, тестирање на лекови и развој на биолошко-хибридни роботи.

- Advertisement -

Лабораториски одгледаното месо во моментов може легално да се продава само во Сингапур, САД и во Израел.

(021)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -