Најсеверниот аеродром во светот сега се топи поради климатските промени

- Advertisement -

Еден од најекстремните аеродроми во светот, норвешкиот аеродром Свалбард, е во опасност да исчезне. Најсеверниот аеродром во светот, со редовни комерцијални летови, Свалбард, се наоѓа на дебел слој на вечен мраз покрај населбата Лонгјарбиен, во норвешкиот архипелаг Свалбард. Кога на почетокот на 1970-тите години беше изградена пистата долга 2.300 метри во Лонгјарбиен, никој не очекуваше дека цврстите темели одоздола ќе почнат да се топат. За жал, поради ефектите од климатските промени, токму тоа се случува денес, открива извештај на CNN.

Свалбард последниве години го посетуваат се повеќе туристи бидејќи луѓето летаат на островите за да уживаат во Северната светлина или да го истражуваат северниот регион со водич, држејќи безбедно растојание од сите поларни мечки. SAS и Norwegian Airlines имаат редовни комерцијални патувања меѓу аеродромот Свалбард и норвешкото копно, приближно 800 километри јужно од архипелагот.

- Advertisement -

За жал, одмрзнувањето на вечниот мраз стана сериозен проблем во Свалбард. Вечниот мраз, дефиниран како секое тло што останало замрзнато најмалку две години, се повеќе се топи во регионот. Доселениците првично се потпираа на оваа ледена основа за да ги градат своите домови и објекти. Сега, тие темели се рушат. Згора на се, зголемената нестабилност на регионот доведе до зголемен ризик од лизгање на земјиштето и лавини.

„Во текот на летото мораме прецизно да ја проверуваме пистата секој ден бидејќи почвата може да се спушти во секој момент. Ова е предизвик за кој очекуваме само да се влоши со текот на времето“, изјави Рагнхилд Комисруд, менаџер на аеродромот.

- Advertisement -

Аеродромот Свалбард е клучен дел од инфраструктурата за околу 2.500 жители на архипелагот. Тие се зависни од воздушниот транспорт за основните резерви. Пристигнувањето до островите со брод може да потрае околу два дена, во зависност од временските услови.

Иронично, со оглед на растечкото влијание на климатските промени во регионот, Свалбард е дом на неколку големи операции за ископ на јаглен. Островите најпрвин биле населени од жители кои сакале да искористат големи наоѓалишта на јаглен добро прилагодени за рударство. Иако Свалбард традиционално се напојува енергија од електрани на јаглен, островот постепено и го врти грбот на оваа долгогодишна традиција.

- Advertisement -

Свеагрува, еден од најголемите рудници на островот, беше затворен во 2020 година. Областа беше обновена. Во 2023 година електраната на јаглен во Лонгјарбиен исто така беше затворена. Тој е заменет со постројка на дизел, намалувајќи ги емисиите на јаглерод речиси на половина.

(Interesting Engineering)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -