„Епл“ веќе го зголеми производството во Индија за да ги избегне американските царини, испорачајќи околу 600 тони iPhone-и во вредност од 2 милијарди долари во САД во март.
Apple работи брзо на преместување на производството на iPhone-и наменети за американскиот пазар од Кина во Индија, со цел до крајот на 2026 година повеќето уреди за САД да се произведуваат во индиски фабрики, објави Ројтерс, повикувајќи се на доверливи извори. Американскиот технолошки гигант води итни преговори со договорните производители Фокскон и Тата за да го реализира овој амбициозен план. Моментално, околу 80 проценти од 60-те милиони iPhone-и што се продаваат годишно во САД се произведуваат во Кина.
Тоа е стратешка одлука и сето тоа е одговор на потенцијалното зголемување на царините за увоз од Кина, што би можело во голема мера да влијае на синџирот на снабдување и трошоците за производство на Apple. Иако индискиот премиер Нарендра Моди ја промовира Индија како центар на производство на паметни телефони, трошоците за производство во Индија се сепак од пет до осум проценти поскапи отколку во Кина, а во некои случаи разликата достигнува и до 10 проценти.
„Епл“ веќе го зголеми производството во Индија за да ги избегне американските царини, испорачајќи околу 600 тони iPhone-и во вредност од 2 милијарди долари во САД во март. Овие пратки претставуваат рекорд за двата индиски партнери на Apple – Tata и Foxconn, при што само Foxconn испорача уреди во вредност од 1,3 милијарди долари.
Патем, Apple инвестираше многу во Кина во последните години за развој на напредни производствени линии, што беше клучно за неговото издигнување до статус на глобален технолошки лидер чија вредност надминува 3 милијарди долари, односно 2,7 милијарди евра, според податоците од Companies Market Cap. Apple користи широка мрежа на производствени партнери и фабрики во Кина, вклучувајќи ги Luxshare Precision Industry и Foxconn, со големи производствени комплекси во градови како што е Женгжу, познат и како „iPhone City“. iPhone-ите се склопуваат и во други кинески градови како што се Вухан, Шенжен, Куншан, Пекинг, Тјанџин, Хуиџоу и Гуангжу, а самиот процес на склопување е исклучително сложен.
Иако американската влада неодамна ја објави својата подготвеност за компромис со Кина и наводно размислува за намалување на дел од тарифите, синџирот на снабдување на Apple сè уште би можел да биде засегнат. Во април, американската администрација воведе царини од 26 проценти за увоз од Индија, што е значително помалку од оние наметнати на Кина, кои моментално изнесуваат 145 проценти, додека во спротивна насока тие се 125 проценти. Вашингтон оттогаш привремено ги суспендираше повеќето тарифи за три месеци, освен оние за Кина, бидејќи администрацијата на Трамп покажува подготвеност да ја смири трговската војна меѓу двете најголеми економии во светот.
Како што „Епл“ го диверзифицира своето производство надвор од Кина, Индија презема сè поважна улога во нејзиниот производствен синџир. „Фокскон“ и „Тата“ моментално управуваат со три фабрики во Индија, а уште две се во изградба.
Фото – Pick Pik