Amazon ги лансираше првите сателити како конкурент на Starlink

- Advertisement -


Amazon ја лансираше својата прва серија на интернет сателити во вселената, означувајќи го почетокот на напорите да се натпреварува со сателитската мрежа Starlink на Илон Маск. Ракетата Atlas V на United Launch Alliance пренесе 27 сателити во орбитата од Кејп Канаверал, Флорида. Сателитите се дел од проектот Kuiper на Amazon, кој има за цел да распореди констелација од речиси 3.200 сателити во следните неколку години за да обезбеди глобална интернет покриеност.

Лансирањето беше планирано на почетокот на овој месец, но беше одложено поради лошите временски услови. Основачот на Аmazon, Џеф Безос, ја основаше вселенската компанија Blue Origin, но исто така обезбеди лансирање од други провајдери, вклучувајќи го и конкурентот SpaceX. Вкупно околу десетина лансирања за да се исполнат регулаторните барања. Според лиценцата за работа, компанијата мора да распореди најмалку 1.600 сателити „Кајпер“ до средината на 2026 година.

- Advertisement -

Мрежата Starlink на SpaceX веќе оперира со речиси 7.000 сателити и доминира на пазарот за сателитски интернет.

Сепак, аналитичарите веруваат дека има простор за конкуренција, бидејќи авиокомпаниите, телекомуникациските провајдери и потрошувачите бараат алтернативи, особено во изолирани и недоволно опслужени региони, каде што распоредувањето на традиционалната инфраструктура е скапо или непрактично.

- Advertisement -

(Al Jazeera Balkans)

(фото: Amazon)

Сподели!
- Advertisement -