А1 Македонија лансира Школа за одговорни инфлуенсери

- Advertisement -

А1 Македонија со гордост го објавува официјалниот старт на иновативната платформа за едукација, А1 Школа за одговорни инфлуенсери, како дел од програмата #ПодобарОнлајн и дел од континуираната посветеност на промовирањето одговорно онлајн однесување.

Ова уникатно онлајн училиште е креирано со цел да ги унапреди знаењата и вештините на инфлуенсерите, креаторите на содржини и сите активни учесници на социјалните мрежи во поглед на етичкото и одговорно користење на дигиталните платформи. Иницијативата е насочена кон поддршка на сите што активно го обликуваат дигиталниот простор и влијаат врз современите трендови, поттикнувајќи ги да се грижат за позитивниот и одговорен развој на онлајн заедниците.

- Advertisement -

A1 Школата за одговорни инфлуенсери нуди содржини што ја обработуваат важноста на одговорното однесување во дигиталниот свет. Курсевите ги опфаќаат темите како што се препознавање несоодветни содржини, справување со онлајн булинг и изградба на позитивни онлајн перцепции.

„Со оваа платформа, целта на А1 Македонија е да ја нагласи важната улога на инфлуенсерите во создавањето здраво и безбедно дигитално окружување. За нас во А1, инфлуенсерите не се само дел од план за маркетинг – тие се личности со глас што допира до многумина, примери што оформуваат ставови и носат вредности. Затоа сакаме да бидеме нивни сојузници, да ги поддржиме, да учиме заедно и да создаваме простор каде што инфлуенсерството значи одговорност, етика и влијание со интегритет. Веруваме дека токму преку едукација и заеднички ангажман може да изградиме посигурен и поконструктивен дигитален свет за идните генерации. Како компанија што вложува во општествената одговорност, се гордееме што го отвораме овој дијалог и им даваме активна поддршка на оние што избираат да бидат влијателни на вистински начин“, изјави Бранкица Толевска, раководителка на одделот за корпоративна стратегија, бизнис-трансформација и корпоративни комуникации во А1 Македонија.

- Advertisement -

Школата за одговорни инфлуенсери нуди пет обемни модули за едукација на инфлуенсерите со цел одговорно креирање и споделување содржини. Овие модули ќе ги водат учесниците низ различни аспекти на дигиталната етика и медиумската писменост, под водство на петмина врвни експерти во својата област. Публиката има можност да се запознае со значајни теми, како што се: разбирањето на медиумите од страна на децата и улогата на инфлуенсерите во нивниот развој; влијанието на дигиталниот маркетинг врз младите и пошироката публика; како медиумите влијаат врз децата и младите; дигитална добросостојба и создавање позитивни онлајн содржини; како да реагираме кога ќе ни се довери дете што е жртва на злоупотреба на интернет.

Сподели!
- Advertisement -