Отворен хаб за собирање и селекција на пластичен отпад во рамки на проектот „Рециклиран филамент за 3Д принтање“

- Advertisement -

Денеска Здружението ИНО ТЕХ КЛУБ Штип отвори Хаб за собирање и селекција на пластичен отпад лоциран во “Нетавиле“ во непосредна близина на кампусот на технички факултети. Оваа активност е дел од проектот „Рециклиран филамент за 3Д принтање“ кој што се реализира преку програмата „Екосистем за еко-иновации и циркуларна економија на Западен Балкан“ (EICEE – Western Balkan Eco-Innovation and Circular Economy Ecosystem) – проект кофинансирана од Европската Унија и Владата на Црна Гора.

Во овој хаб, ќе се собираат четири типа на отпадна пластика со која тимот од истражувачи предводени од професор д-р Игор Јорданов од Технолошко-Металуршки Факултет ќе развиваат и прототипираат четири типа на рециклиран филамент за 3Д принтање.

- Advertisement -

“Отпадот не е ѓубре, туку суровина која со знаење и соодветна технологија може да стане вреден и корисен производ. Горди сме што нашата иновативна идеја за производство на филамент за 3Д принтери од рециклирана пластика беше препознаена во рамки на проектот „Екосистем за еко-иновации и циркуларна економија на Западен Балкан“ кој екофинансиран од Европската Унија и Владата на Црна Гора.
Потребната количина пластичен отпад, односно суровина ќе ја собираме овде во Нетавил каде денес отвараме хаб, но и со помош на Пакомак кој е наш партнер во овој сегмент. Прототипирањето на рециклираниот филамент се одвива во лабораторијата ИНО ФАБ ЛАБ на Технолошко-металуршкиот факултет каде што воедно ќе се тестираат и употребните перформанси на добиените рециклирани филаменти. Крајната цел ни е да добиеме целосно функционален производ кој ќе биде квалитетна и еколошки прифатлива замена на филаментите за 3Д принтање добиени од нерециклирана пластика“, изјави професор д-р Игор Јорданов кој е лидер на овој проект.


Крајната цел на овој проект е намалување на пластичниот отпад, поттикнување на циркуларната економија и нудење и промоција на еколошки решенија за индустријата за 3Д принтање.

- Advertisement -

“Со оваа иницијатива, не само што даваме одговор на еден од клучните еколошки предизвици, туку гледаме можност да ја позиционираме нашата земја како регионален лидер во иновативни и еколошки одржливи решенија. Ги покануваме сите граѓани, организации и компании да се приклучат и да ја поддржат оваа еко-иновативна иницијатива – затоа што иднината е зелена, паметна и кружна“, додаде професор Јорданов.


Проектот „Рециклиран филамент за 3Д принтање“ кој го спроведува Здружението ИНО ТЕХ КЛУБ Штип е кофинансиран од Европската Унија и Владата на Црна Гора преку регионалниот проект „Екосистем за еко-иновации и циркуларна економија на Западен Балкан“ (EICEE – Western Balkan Eco-Innovation and Circular Economy Ecosystem).“

- Advertisement -

Оваа публикација е целосна одговорност на Здружението ИНО ТЕХ КЛУБ Штип и неговата содржина не мора да ги одразува ставовите на Европската унија или на Владата на Црна Гора.

Сподели!
- Advertisement -