Каде најдобро се заработува во Европа?

- Advertisement -

Жителите на северните и западноевропските земји имале најголема заработка и најголема куповна моќ во 2024 година. Според податоците на Евростат, лани просечните годишни плати во ЕУ се движеле од 11.074 евра, што ги заработиле граѓаните на Бугарија до 50.410 евра ,што ги заработиле жителите на Луксембург. Просечната плата во ЕУ била 29.573 евра, што е околу 2.464 евра месечно.

Но, уште поголема заработка е забележана во некои од земјите кои не се членки на Унијата. На пример, во Швајцарија просечната плата достигна 85.631 евро, во Исланд 57.573 и во Норвешка 47.232.

- Advertisement -

На ова рангирање значително полошо се позиционирани јужните земји од Стариот континент. Просечната плата во Италија лани била 24.797 евра, во Шпанија 24.571 и во Грција 18.709. Уште полоши од нив се источните земји, како Унгарија, каде што луѓето заработуваат 13.883 евра, Романија (12.655) и Бугарија (11.074).

Кога ќе се пресмета заработката во однос на куповната моќ, излегува дека Холанѓаните се во најдобра позиција во ЕУ, а Словаците во најлоша. Од друга страна, доколку во ова рангирање се вклучат и земји кои не се членки на Унијата, најголема куповна моќ имаат Швајцарците, потоа Норвежаните, а само по нив Холанѓаните. Луксембуржаните и Австријците се на четврто и петто место.

- Advertisement -

Под просекот, како и обично, се источните, балтичките и балканските земји.

(Kamatica)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -