Албанија станува попопуларна од Хрватска: Кушнер и Иванка Трамп инвестираат милијарди

- Advertisement -


Албанија, некогаш скриен скапоцен камен на Европа, сега се соочува со експлозивен раст на туризмот што може сериозно да ја загрози одржливоста на локалните заедници и природната средина. Од 2015 година бројот на туристи во земјата е речиси тројно зголемен, од 3 милиони во тоа време на дури 10 милиони во 2023 година, што претставува зголемување од 56% во споредба со нивото пред пандемијата.

Албанската влада предвидува дека оваа бројка ќе порасне до 30 милиони туристи годишно до 2030 година, повеќе отколку што имаат моментално Португалија или Хрватска.

- Advertisement -

Овој ненадеен скок предизвика сериозна загриженост. затоа што некои туристички проекти се градат без никаков урбанистички план, што доведува до уништување на природната средина, особено на крајбрежјето. Во Саранда евидентирани се случаи на фрлање градежен отпад директно во морето.

Брзиот развој на туризмот има и социјална цена. Цените на недвижностите драстично растат поради зголемениот број странски инвеститори и туристи, што им отежнува на локалното население да најдат прифатливи станови. Ситуацијата се повеќе потсетува на она што се случува во пренаселените туристички дестинации како Мајорка.

- Advertisement -

Албанија се позиционира како сè попопуларна дестинација благодарение на песочните плажи, природните убавини како Синото око, жичарницата Дајти експрес и археолошкиот парк Бутринт. Привлекува се поголем број туристи, вклучително и познати влијателни на социјалните мрежи.

Меѓу инвеститорите се Џаред Кушнер и Иванка Трамп, кои добија зелено светло за изградба на луксузен хотел вреден 1,4 милијарди долари на островот Сазан. Според Светскиот совет за туризам, Албанија во моментов е трет најбрзо растечки туристички пазар во светот – веднаш зад Катар и Порторико

- Advertisement -

(Bizlife)

(фото: )

Сподели!
- Advertisement -