- Advertisement -
Ирската авиокомпанија „Рајанер“ објави дека ќе наплаќа казни од најмалку 600 евра на патниците кои ќе бидат отстранети од авионот поради нивното однесување, објавија денес британските медиуми.
Како што наведува оваа најголема европска компанија, ова ќе бидат минимални казни, а патниците кои ќе бидат отстранети од летот поради „неприфатливо однесување“ исто така ќе бидат обврзани да платат надомест, објави „Гардијан“.
- Advertisement -