Volvo Cars склучи договор со шведската компанија SSAB за снабдување на рециклиран челик со речиси нула емисија на јаглерод диоксид, а првите испораки се планирани за 2025 година. Volvo стана првиот производител на автомобили кој го користи овој тип на челик во сериско производство. Рециклираниот челик ќе се користи во новиот целосно електричен SUV EX60 и другите модели на платформата SPA3.
„Челикот сочинува 25% од сите емисии поврзани со материјали за нов автомобил на Volvo“ велат од компанијата.
Рециклираниот челик на SSAB создава речиси 100% помалку CO₂ од традиционално произведениот челик, додека ја одржува истата цврстина и безбедност. Volvo Cars планира да постигне нето нула емисии до 2040 година и да ги намали емисиите на CO₂ по автомобил за 65% до 75% до 2030 година.
(N1)
(фото: Wikimedia)