Google купи компанија која прави минијатурни ЛЕД екрани

- Advertisement -

Иако Google е најпознат по својот пребарувач, по своите сервиси и софтверот, компанијата во својата понуда има и различен хардвер како телефони, таблети и компјутери, а на пазарот наскоро го очекуваме нивниот прв паметен часовник. Но, можеме да очекуваме и очила за проширена и виртуелна реалност.

За тоа какви им се долгорочните планови покажува и последната аквизиција на компанијата. Тие неделава објавија дека ја презеле компанијата Raxium, стартап кој развива микро ЛЕД технологија за екрани. Екипата од Raxium изминатите пет години работела на развојот на минијатурни и ценовно и енергетски ефикасни екрани со висока резолуција.

- Advertisement -

Како што велат од Google, нивните екрани се основа за идните технологии кои ќе се користат во екраните, додека нивното искуство и знаење ќе одиграат клучна улога во идниот развој на софтвер на Google и новите производи. Исто така, во однос на другите компании кои развиваат иста технологија, Raxium се разликува по техниката на производство, која би требало да биде поевтина.

Микро ЛЕД технологијата денес е ограничен примарно на големи и скапи екрани, а во однос на останатите технологии специфична е по тоа што е исклучително енергетски ефикасна, поради што може да биде идеална за преносни уреди, односно очила со поддршка за виртуелна реалност или проширена реалност.

- Advertisement -

(The Verge)

(фото: Raxium)

Сподели!
- Advertisement -