Цената на нафтата падна по изјавата на Трамп дека Кина сега може да купува иранска нафта

- Advertisement -

Кина може да продолжи да купува нафта од Иран, изјави денес американскиот претседател Доналд Трамп, што доведе до пад на цените на нафтата

Кина може да продолжи да купува нафта од Иран, изјави денес американскиот претседател Доналд Трамп, што доведе до пад на цените на нафтата.

- Advertisement -

Околу 16:00 часот по средноевропско време, цената на суровата нафта Брент од Северното Море, за испорака во август, изгуби 4,66 проценти и падна на 68,15 долари.
Нејзиниот американски еквивалент, барел West Texas Intermediate, за испорака во август, падна за 4,66 проценти на 65,32 долари.

„Кина може да продолжи да купува нафта од Иран од сега па натаму. Со малку среќа, ќе купи и многу американска нафта“, напиша американскиот претседател на својата социјална мрежа True Social од авионот на пат кон самитот на НАТО во Хаг, пренесува France Press.

- Advertisement -

САД редовно воведуваат санкции против купувачите на иранска нафта за да ги намалат финансиските ресурси на Техеран, а Кина е голем купувач на иранска нафта.

Според канцеларијата на Кплер, Кина апсорбира повеќе од 90 проценти од извозот на нафта на Иран. Поголемиот дел го купуваат мали кинески рафинерии, кои работат независно од државните нафтени компании, што е начин тие компании да ги избегнат санкциите на САД.

- Advertisement -

Претходно, цената на нафтата веќе падна по умерениот одговор на Техеран на американските напади извршени во текот на викендот врз три ирански нуклеарни постројки. Доналд Трамп го нарече одговорот „многу слаб“ и му се заблагодари на Иран што навреме ги предупреди САД, што овозможи да нема смртни случаи или повреди.

Фото – Flickr

Сподели!
- Advertisement -