Здраво тело, нутритивен баланс и силна енергија – лето со потпис на Виталиа

- Advertisement -

Летото е време кога нашето тело има зголемени нутритивни потреби, а динамичното темпо бара исхрана што е истовремено балансирана, квалитетна и лесна. Клучот за добро здравје и виталност лежи во паметниот избор на храна која заситува, а не оптоварува. Производите на Виталиа се токму тоа – со внимателно избрани состојки, природен состав и висок нутритивен профил. Здрав избор каде и да сте, што и да правите, и прилагодени за секој животен ритам.

- Advertisement -

Наутро, започнете го денот со протеинската гранола со вкус на темно чоколадо и шумско овошје или пак со вкус на кокос и бадеми. Гранолата содржи 23% растителен протеин од грашок и соја, идеален за енергичен почеток на денот. Совршено се комбинира во вашето утринско овошно смути или со свежиот јогурт кој останува незаменлив избор во секое годишно време бидејќи е преполн со протеини и природни пробиотици. Внесување на протеини и комплексни јаглехидрати придонесува до подолготрајна енергија во текот на целиот ден.

За здрава пауза во текот на денот, изберете солена ужина  и тоа крцкавиот протеински микс со вкусови на пица или чили кој ќе ви обезбеди дури 15g растителен протеин на порција. Овесните крекери со семиња и вкусови од домат, босилек или оригано се богати со растителни влакна, пригодни за чуствителен дигестивен систем и можете да ги комбинирате со јогурт, хумус или свежо авокадо за совршена летна ужинка за сите диететски потреби. 

- Advertisement -

Доколку пак ви се јаде нешто слатко, изберете од нискокалоричните десерти или сушено овошје за внес на витамини и минерали без вишок калории. Одржувајте хидриран организам и намалете ги овошните напитоци и газирани сокови со здрава алтернатива. За активни денови, пробајте од пробиотскиот освежувач комбуха и останете полни со енергија!

Уживајте во секој оброк со здрава храна, нутритивен баланс и вкус што инспирира. Ова лето, Виталиа повторно ги мотивира сите да се грижат за своето здравје и линија, нудејќи рецепти, совети и производи за здрава енергија. За сите што се стремат кон здрави животни навики, производите и вкусовите на Виталиа се прилагодени за секој летен момент и ви помагаат да останете енергични, хидрирани и во топ форма.

Сподели!
- Advertisement -