Пет златни лекции од милионери кои сами го стекнале богатството

- Advertisement -

Повеќето милионери, особено во САД, не се наследници на богатство, туку го постигнале преку сопствени напори. Иако понекогаш може да изгледа како сон, градењето финансиски успех е можно – но само ако сте спремни да го изберете предизвикувачкиот и честопати непријатен пат.

Еве кои совети ги споделија тие за стекнување богатство од нула.

- Advertisement -

1.Ќе биде тешко – и ќе мора да истраете

    Ако никој друг не ја финансира вашата идеја или бизнис, ќе мора да вложите свои пари – што честопати значи да живеете со минимални средства.

    - Advertisement -

    Во мојот случај, тоа значеше купување половен пикап преку оглас, печатење и рачно сечење на шаблон од името на компанијата што го нацртав на возилото, позајмување скали од пријател и внимателно управување со мојот паричен тек со купување само на основен инвентар“, вели Ан Мегинти, авторка на подкастот „Како го изградив мојот мал бизнис“.

    2.Мора да научите да го правите она што ве прави да се чувствувате непријатно

    - Advertisement -

      Хина Кан, тренер за ментални перформанси и милионерка која сама си го создала животот, сфати дека клучот за успехот не е само да имате идеја – туку да бидете спремни да продавате.

      Сакав приход, но исто така се спротивставував на идејата за продажба. Сè се промени кога сфатив дека без продажба, не можам да им помогнам на луѓето. Научив дека продажбата не е нешто што го правите на некого, туку е за некого“, вели Хина.

      3. Не станува збор за „аха“ моментот, туку за секојдневната работа

        Инспиративниот момент може да ви даде поттик, но долгорочниот успех доаѓа од секојдневниот напор.

        Нашиот успех не дојде од една брилијантна одлука, туку од правење мали, болни, но неопходни прилагодувања секој ден – сè додека ефектите не се акумулираат“, вели Џејсон Винџант, извршен директор на Emerald Ocean Ltd.

        4.Успехот е во тоа како се справувате со неуспехот

          Неуспехот е неизбежен – но начинот на кој се справувате со него прави голема разлика.

          Богатството не е награда за напорна работа, туку резултат на фокусиран неуспех и брзо закрепнување. Најголемата предност беше што брзо правев грешки, признавав грешки и учев од нив. Да го сфатев тоа порано, ќе успеев порано”, вели Стив Таплин, извршен директор на Sonatafy Technology.

          5.Не чекајте го “вистинскиот момент” за да започнете

          Повеќето луѓе никогаш нема да се чувствуваат 100% подготвени – но тогаш треба да започнете.

          Не чекајте додека не се почувствувате подготвени, да се промени економијата или да се отплати вашиот долг. Започни сега да се однесуваш како личност која веќе има богатство – и таа реалност ќе стане твоја побрзо “, вели Кетрин Камерон од Diamond Academy Coaching.

          (Bankar.me)

          (фото: Flickr)

          Сподели!
          - Advertisement -