Tip of the Week – Колку музика, толку пари!

- Advertisement -

„Tip of the Week“ се авторски текстови што се објавуваат секој четврток и обработуваат теми од секојдневниот живот коишто помогат да го подобрите вашето лично и професионално работење

Интересна изрека, која ми ја кажаа и укажаа пред некој ден. Бев изненаден од изјавата и тоа непријатно, но од друга страна, бидејќи се работи за различно гледање на работите и не треба да сум непријатно изненаден туку едноставно да ја прифатам како таква.

Самиот концепт на реченицата „колку музика, толку пари” е во сосема спротивна насока од веќе познатиот слоган „колку пари, толку музика” и навистина е интересен за согледување и анализирање. Целиот „товар“ тука е ставен на вашите перформанси и услугите кои ги нудите, па всушност, врз основа на она што ќе го остварите или дадете, толку ќе бидете и платени!

- Advertisement -

Прашањето е, што е точно: „колку музика, толку пари” или „колку пари, толку музика”, затоа што во концептот на „колку музика, толку пари” тогаш е начин на согледување на работите од страна на тој/таа што плаќа за услугата. Во оваа ситуација, личноста што плаќа е секогаш во ситуација да каже дека не е задоволен од она што го добил како услуга и едноставно да не плати или да плати помалку од тоа што е договорено. За да не се најдете во таа ситуација, потребно е:

  • дефинирање на очекувањата – уште пред да започнете со соработката, дефинирајте ги очекувањата на соработниците. Дефинирајте ги до детали за да после немате проблеми;
  • договор – би ве советувал да ги имате написмено очекувањата. Луѓето знаат многу брзо да забораваат, па за да не се заборават некои работи, напишете ги. Тоа подоцна ќе ви овозможи да наведете што е навистина договорено, за да не се претерува во барањата;
  • ревизија – од време на време, правете ревизија или еден вид на потсетување на она што е договорено и ставајте пак на хартија за сè што ќе се договорите ново;
  • средби – почести средби се повеќе од добредојдени за да се биде во тек со работите кои се имплементираат и нивото на задоволството кај клиентот;
  • дајте повеќе од договореното – давајте повеќе од договореното, но не премногу затоа што со тек на време тоа (повеќе од договореното) веќе влегува во нормална појава и секогаш ќе се бара повеќе од вас. Секако, немојте да заборавите да напоменете.

Искрен да бидам, гледајте да го избегнувате моментот на „колку музика толку пари“, не за друго, има многу дупки во целиот тој концепт, но ако веќе не сте во ситуација да го избегнете (да не кажам), мора да го прифатите, пробајте да запазите бар некој од предложените совети. Сигурен сум дека ќе ви биде полесно во иднина.

- Advertisement -

Со успех во промените,

@kalin.babusku

- Advertisement -

Член на тимот

МАКЕДОНИЈА-ЕКСПОРТ Консалтинг

www.macedonia-export.com

Сподели!
- Advertisement -