Од утре започнува „Бич филм фестивал“ во Охрид

- Advertisement -

„Бич филм фестивал“ (Beach Film Festival) започнува од утре и ќе трае до 27 јули во Охрид. Како што информираат организаторите, повеќе од 60 европски филмови на отворено.

„Осмото издание на „Бич филм фестивал“ ќе се одржи на четири внимателно избрани локации: главното отворено кино на плажата Славија, култната плажа Сараиште, Брод Армада и Младинскиот центар во Охрид. Фестивалот годинава носи повеќе од 60 филма од современата европска кинематографија – внимателно селектирани, со свежи авторски гласови. Отворањето на фестивалот е закажано за утре вечер, со проекција под отворено небо на плажата Славија – почеток на петдневна филмска авантура покрај езерото“, информираат организаторите.

- Advertisement -

Фестивалот има и натпреварувачки карактер, со доделување награди за најдобар долгометражен филм, најдобар краткометражен, најдобро актерско остварување, како и специјално признание за најдобар студентски краткометражен филм.

За главната награда ќе одлучува четиричлено меѓународно жири составено од Хуан Албарацин (режисер и сценарист, Шпанија), Танасис Неофотистос (режисер и писател, Грција), Натан Силвер (режисер, САД) и Патрик Бихтинг (режисер и продуцент, Германија). Првпат оваа година, ќе додели своја награда и младото жири во состав: Агнес Лахтова, Димитриј Мартиновски и Иво Георгиески.

- Advertisement -

Фото – Wikimedia

Сподели!
- Advertisement -