Компанијата „Централноевропски петролеум“ (CEP) објави дека го открила најголемото конвенционално нафтено поле во Полска во последната деценија, кое е и едно од најзначајните во Европа. Локацијата се наоѓа по должината на брегот на Балтичкото Море, во близина на градот Швиноујшќе на северозападниот дел од земјата.
Откритието е направено на бунарот Волин Исток 1 (WE1), на околу шест километри од споменатото пристаниште. Прелиминарните проценки покажуваат дека локацијата содржи 22 милиони тони експлоатирана нафта и кондензат, со дополнителни 5 милијарди кубни метри природен гас.
Пошироката концесиска област, која зафаќа површина од 593 квадратни километри, може да содржи вкупно повеќе од 33 милиони тони нафта и кондензат, како и 27 милијарди кубни метри гас.
Доколку овие бројки се потврдат, Полска би ги дуплирала своите сегашни резерви на нафта, кои, според податоците од јавниот сервис ТВП, изнесувале околу 20,2 милиони тони во 2023 година.
(Investitor.me)
Фото – Pycril