Наместо враќање на старата слава, легендарниот мотоцикл Tomos пропадна

- Advertisement -

Кога пред две години компанијата од Целје, Iztok Pikl, го презеде Tomos од Hidria, целта беше да му ја врати старата слава на мотоциклот.

Но овие цели уште се далеку од реализација, дури и спротивното, за Tomos моментално може да се рече дека е пред криза. Има повеќе од доволно нарачки за легендарниот модел, но поради недостаток на средства за финансирање на производството, пред неколку месеци компанијата се соочила со дефицит на материјали, а околу четириесет дена летово имале и блокирана сметка, известува Poslovni Dnevnik.

Во август се родил оптимизам за Tomos, откако компанијата добила кредит преку другата компанија MPO Moto преку која се контролира производството на мотоциклот во Копер. Во замена за кредитот во износ од 550 000 евра, банката ја прокнижила хипотеката на сопственичкиот удел на компанијата, додека пак за кредитот кој треба да се отплати до 2023 година била договорена релативно висока каматна стапка.

- Advertisement -

Во септември од компанијата изјавиле дека кога Tomos требало да работи со полна пареа биле произведени околу 700 мопеди што е далеку од овогодинешните планови за производство на околу 6 000 мопеди.

Во славните денови кога Tomos беше основан, односно во 1954 година, компанијата вработувала 4 000 работници и произведувала 100 000 мопеди годишно. Iztok Pikl изјавила во септември дека повторно започнуваат со производство во Копер каде мопедот се составува, додека пак составните делови доаѓаат од странство.

- Advertisement -

Оптимизмот не траел долго бидејќи платите на работниците за септември биле исплатени со задоцнување од еден месец, а во прашање е дали ќе се исплати плата за октомври. Минатата година компанијата остварила 1,8 милиони евра приход од продажба. Трошоците за работа изнесувале 478 000 евра, а заработувачката пред исплаќањето на даноците 96 000 евра. Нето добивката минатата година изнесувала 44 000 евра.

Сподели!
- Advertisement -