Проценката од TÜV SÜD потврдува дека Samsung телевизорите и комерцијалните екрани за 2024–2025 година ги исполнуваат барањата за сајбер безбедност на ЕУ
Компанијата Samsung Electronics објави дека е спроведена техничка проценка на усогласеноста на нејзините најнови телевизори, монитори и комерцијални екрани со Директивата за радио опрема (Radio Equipment Directive – RED) на Европската Унија, вклучително и дополнетите барања поврзани со сајбер безбедноста, кои стапуваат на сила од 1 август 2025 година.
„Како што безбедноста станува сè поважна во нашата индустрија, ги зајакнуваме безбедносните функции за да останеме лидери во оваа сфера“, изјави Таејонг Сон (Taeyong Son), извршен потпретседател на одделот за производи со екрани во Samsung Electronics. „Покрај ова значајно достигнување, остануваме посветени на воведување иновации со напредна безбедност и технологија ширум светот, со цел да ја оправдаме довербата што корисниците ја имаат во нашите решенија.“
Директивата за радио опрема на ЕУ, усвоена во 2016 година, ги дефинира основните барања за безбедност, електромагнетна компатибилност и ефикасна употреба на фреквенцискиот спектар кај производите со радио компоненти. Во 2022 година, ЕУ најави проширување на правилата за сајбер безбедност во рамките на оваа директива, со цел подобра заштита од онлајн закани, зачувување на личните податоци и намалување на ризикот од измами. Овие нови одредби стануваат задолжителни од август 2025 година.
Проценката на компанијата TÜV SÜD го опфаќа целиот спектар на Samsung производи со екрани за 2024–2025 година наменети за европскиот пазар, вклучувајќи телевизори, монитори, екрани за дигитално огласување и Color E-Paper. Samsung активно го проширува овој процес на усогласување и на сите други соодветни производни линии, како дел од својата стратегија за усогласеност со регулативите.
Овој фокус на усогласеност е одраз на пошироката и постојана посветеност на Samsung кон безбедноста на производите низ целиот свој екосистем. Во 2024 година, оригиналниот криптографски модул на Samsung,
- наречен Samsung CryptoCore, го доби FIPS 140-3 сертификатот од Националниот институт за стандарди и технологија (NIST¹) на САД. Почнувајќи од 2025 година, CryptoCore е интегриран во Tizen OS² – оперативниот систем што ги движи Samsung Smart TV уредите, со цел подобра заштита на клучните производни линии како што се телевизорите, мониторите и екрани за дигитално огласување.
- Дополнително, Samsung Smart TV уредите се опремени со безбедносната платформа Samsung Knox, која од 2015 година наваму секоја година го добива сертификатот Common Criteria (CC) – што уште еднаш ја потврдува водечката позиција на Samsung во заштитата на потрошувачките уреди.
Повеќе информации можете да најдете на: https://www.samsung.com/mk/
За компанијата Samsung Electronics Co. Ltd.
Samsung го инспирира светот и ја обликува иднината преку идеи и технологии што носат трансформација. Компанијата ги редефинира световите на телевизорите, дигиталното огласување, паметните телефони, носливите уреди, таблетите, апаратите за домаќинство и мрежните системи, како и на мемориските решенија, LSI системите и чиповите по нарачка. Samsung исто така ги унапредува технологиите за медицинска дијагностика, HVAC решенијата и роботиката, како и иновативните решенија во автомобилската и аудио индустријата преку компанијата Harman. Со SmartThings екосистемот, отворената соработка со партнери и интеграцијата на вештачката интелигенција во својата понуда, Samsung нуди интелигентно, поврзано и беспрекорно корисничко искуство. За најнови вести посетете ја Samsung Newsroom: https://www.samsung.com/mk/.