Претераното гледање во телефонот е лошо за вашето срце

- Advertisement -

Децата и тинејџерите поминуваат часови и часови секој ден пред некаков екран – од паметни телефони до играчки конзоли. И тоа си го зема данокот врз нивното здравје.

Студија објавена во Journal of the American Heart Association предупредува дека прекумерното време пред екран може да влијае на здравјето на срцето кај децата и тинејџерите.

- Advertisement -

Анализа на повеќе од 1.000 учесници во две дански студии покажа дека времето пред екран е значително поврзано со повисоки кардиоваскуларни и кардиометаболни ризици кај децата и адолесцентите.

Ограничувањето на дискреционото време пред екран во детството и адолесценцијата може да го заштити срцето и метаболичкото здравје на долг рок, изјави водечкиот автор на студијата, д-р Дејвид Хорнер, истражувач во Копенхашката проспективна студија за астма во детството (COPSAC) на Универзитетот во Копенхаген во Данска. Оваа студија дава докази дека оваа врска започнува рано и ја истакнува важноста на избалансираните дневни рутини.

- Advertisement -

Анализата од д-р Хорнер и неговите колеги покажа дека здравјето е под влијание на врската меѓу времето поминато пред екранот и времетраењето на спиењето, т.е. времето кога се оди на спиење. Имено, пократкото времетраење на спиењето и легнувањето подоцна ја зацврстуваат врската помеѓу времето поминато пред екранот и кардиометаболниот ризик. Во превод, децата и младите луѓе кои спијат помалку и поминуваат повеќе време пред екран имаат поголем ризик од болести.

Овие наоди сугерираат дека недоволното спиење не само што може да го зголеми влијанието на времето поминато пред екранот, туку може да биде клучен пат што ги поврзува навиките за користење на екранот со раните метаболички промени, вели д-р Хорнер.

- Advertisement -

Дополнително, анализата на машинско учење идентификувала уникатен метаболички потпис во крвта што се чини дека е поврзан со времето поминато пред екранот.

Успеавме да откриеме збир на промени во метаболитите во крвта, кои го потврдија потенцијалното биолошко влијание на однесувањето пред екранот. Користејќи ги истите метаболички податоци, проценивме и дали времето поминато пред екранот е поврзано со предвидениот кардиоваскуларен ризик во зрелоста и откривме позитивен тренд во детството и значајна поврзаност во адолесценцијата. Ова укажува дека метаболичките промени поврзани со гледањето во екран може да претставуваат рани сигнали за долгорочниот ризик по здравјето на срцето“, забележа тој.

Д-р Хорнер, сепак, нагласува дека ова е опсервациска студија, која користела собрани податоци и не докажала причина и последица. Затоа, тој предлаг идните истражувања да се фокусираат на тоа дали ограничувањето на употребата на телефон или компјутер во часовите пред спиење ќе го намали кардиометаболниот ризик.

(Eureka Alert)

Сподели!
- Advertisement -