Цените на електричните и класичните автомобили во Германија се приближуваат: Разликата падна под 3.000 евра

- Advertisement -

Разликата во цените помеѓу електричните автомобили и возилата со класичен мотор се намалува во Германија, според експертот за автомобилска индустрија Фердинанд Дуденхефер. Во споредбата на најпопуларните модели, разликата падна под 3.000 евра, сметајќи ги попустите и промоциите, рече Дуденхефер. Пред една година, разликата беше повеќе од двојно поголема.

Анализата ја споредува просечната пазарна цена на 20-те најпродавани модели, а намалувањето на разликата укажува дека „електричниот автомобил се пробива во Европа и Германија“, рече Дуденхефер.

- Advertisement -

Тој го припишува стеснувањето на разликата, од една страна, на зголемувањето на основната цена и отсуството на трговски попусти за класични возила, а од друга страна, на поевтинувањето и поголемите попусти за купувачите на електрични автомобили.

Во исто време, просечниот попуст на двата типа возила сега е речиси еднаков, околу 17 проценти. На почетокот на годината, просечниот попуст на електричните автомобили беше околу три процентни поени помал отколку на бензинските автомобили.

- Advertisement -

Фото – Wikimedia

Сподели!
- Advertisement -