Xiaomi на почетокот на ноември ќе претстави телефон со најмоќната камера во светот

- Advertisement -

Од Samsung пред неколку месеци го открија својот најнов сензор за нивните идни камери на смартфоните, а тој сензор има неверојатни 108 мегапиксели резолуција. Но, изгледа кинески Xiaomi ќе ги претрка и прв ќе излезе на пазарот со телефон чија камера има резолуција од неверојатни 108 мегапиксели.

Информацијата доаѓа директно од Xiaomi, од каде што објавија и teaser за телефонот Mi Note 10 на својот профил на Twitter и во чија објава пишува дека овој телефон ќе ја содржи првата пентакамера од 108 MP во светот. Оваа информација автоматски го става Mi Note 10 во самиот врз од конкурентите за најдобра смартфон камера на пазарот.

- Advertisement -

Се ќе се дозане на 5 ноември, кога Xiaomi планира да го претстави уредот пред јавноста. Инаку, телефонот со камера од 108 мегапиксели не прави некакви посебни фотографии, туку прави висококвалитетни фотографии при помала резолуција пропуштајќи повеќе светлина за да го зголеми квалитетот.

Mi Note 10 ќе има опција за 5x оптички зум и 50x дигитален зум, колку што има и моментално шампионот меѓу смартфон камерите – Huawei P30 Pro. Потоа, ќе има и ултраширок сензор од 20 мегапискели, што го прави еден од најдобрите во моментот. Тоа значи дека паномарските и групните фотографии ќе бидат и повеќе од квалитетни.

- Advertisement -

Телефонот ќе има и селфи камера од 12 MP и сензор за длабочина или макро камера.

Сподели!
- Advertisement -