Кои земји од ЕУ се најпосетувани од туристи?

- Advertisement -

Европа пречека 125 милиони странски туристи во првите три месеци од 2025 година, според Светскиот туристички барометар на Обединетите нации.

Ова претставува зголемување од 2% во споредба со истиот период во 2024 година и зголемување од 5% во споредба со бројките пред пандемијата.

- Advertisement -

Меѓународните туристички пристигнувања се зголемиле за 5% помеѓу јануари и март 2025 година во споредба со истиот период претходната година. Најновото истражување на Светската туристичка организација на ОН анализира кои земји заработуваат најмногу од туризмот и кои беа најпосетуваните дестинации на почетокот на 2025 година.

Во јужниот дел на Медитеранска Европа туристичките пристигнувања се зголемиле за 2%, што одразува зголемена побарувачка за патувања вон сезона до одредени дестинации.

- Advertisement -

Централна и Источна Европа, исто така, забележале зголемување од 8% во пристигнувањата на посетители во споредба со 2024 година, особено во балтичките земји. Сепак, вкупниот број на посетители во овој подрегион е сè уште малку помал од нивоата во 2019 година, објавува Africa News.

Литванија (+21%), Малта (19%), Латвија (16%), Финска (+15%) и Шпанија (+6%) забележаа најголемо зголемување на меѓународните пристигнувања меѓу дестинациите на ЕУ во првите три месеци од годината. Спротивно на тоа, Луксембург, Ирска, Шведска и Белгија имаа помалку странски туристи во споредба со 2019 година.

- Advertisement -

Кои земји од ЕУ заработуваат најмногу од туризмот?

И покрај позитивните трендови во меѓународниот туризам, експертите се загрижени за економските фактори, вклучувајќи го послабиот економски раст, високите трошоци за патување и зголемувањето на тарифите. Овие три фактори се сметаат за главни предизвици што би можеле да влијаат на меѓународниот туризам во 2025 година.

Според анкетата на експертски панел на UNWTO, една четвртина од испитаниците очекуваат трговските тензии да имаат влијание врз туристичките перформанси во блиска иднина.

Сепак, Шпанија, втората најголема земја во светот по приходи од туризам, забележала пораст на потрошувачката на посетителите за 9% помеѓу јануари и февруари во споредба со истите два месеци во 2024 година. Ова доаѓа по значителното зголемување од 16% во 2024 година.

Франција забележала пораст на приходите од меѓународен туризам за 6%, додека Данска забележала пораст од 11% во првиот квартал од 2025 година. Грција, Италија и Португалија, исто така, забележале пораст на приходите од туризам за 4% во истиот период.

(Bizlife)

Сподели!
- Advertisement -