Илон Маск тврди дека идната година вештачката интелигенција ќе биде попаметна од луѓето

- Advertisement -

Новите предвидувања на шефот на Teslа и SpaceX укажуваат на тоа дека вештачката интелигенција идната година може да стане попаметна од најпаметниот човек. Илон Маск изнесе неколку од своите предвидувања за општата вештачка интелигенција. Според него, уште идната година или надоцна до 2026 година би имале AGI која би ја надминала човечката интелигенција, но дека за тоа ќе треба екстремен број на процесори за обучување.

Една од компаниите на Маск, xAI, моментално ја обучува втората верзија на својот модел Grok, за што и биле потребни дури 20.000 Nvidia H100 GPU, а Маск предвидува дека на AI моделот од новата генерација Grok 3 ќе му требаат околу 100.000 Nvidia H100 чипови за обучување.

- Advertisement -

Според Маск, развојот на AI моментално го кочат две работи – немањето залихи на напредни GPU процесори на пазарот како што е Nvidiа H100 и достапноста на електричната енергија, бидејќи за работа на над 100.000 GPU кои ќе го обучуваат GROK 3 ќе се потрошат неверојатни 70 мегавати енергија, додека ќе бидат потрени уште околу 30 мегавати за ладење и за обучувачите, што на крајот е вкупно 100 мегавати струј. За споредба, толку струја троши еден помал град.

(Vidi.hr)

- Advertisement -

(фото: Pixexid)

Сподели!
- Advertisement -