Животот во Кина е тежок за многумина – толку тежок што некои возрасни посегнуваат по однесувања од раното детство. Според извештајот на South China Post, сè поголем број Кинези трошат до 70 долари за поголеми цуцли за возрасни и штитници дизајнирани за возрасни.
Некои продавачи тврдат дека продаваат дури 2.000 од нив месечно. Корисниците велат дека цуцлите им помагаат да го намалат стресот и анксиозноста, слично како кај бебињата, а некои ги користат за да се откажат од пушење. Еден продавач дури тврди дека можат да помогнат и со апнеја при спиење.
Феноменот има и психолошко објаснување – тоа е регресија, одбранбен механизам во кој возрасен во емоционално тешки ситуации посегнува по однесувања од пораните фази од животот, кога се чувствувал посигурен.
На социјалните медиуми, особено на TikTok, трендот се шири надвор од Кина. Американските корисници објавуваат видеа од себе како користат цуцли додека работат, патуваат низ градскиот сообраќај или извршуваат стресни дневни задачи.
Сепак, стоматолозите и психолозите предупредуваат дека трендот не е без ризици. Танг Цаомин, стоматолог во кинеската провинција Сечуан, предупредува дека долготрајната употреба (повеќе од три часа на ден) може да ја промени положбата на забите, да го ограничи отворањето на устата и да предизвика болка при џвакање.
Психолозите додаваат дека цуцлите можат да обезбедат краткорочно олеснување, но не ја решаваат основната причина за стрес или анксиозност, на која треба директно да се одговори.
(Bizlife)
(фото: Flickr)