Од забава до креативност и мултитаскинг, Galaxy Tab S10 Lite им помага на корисниците да ги оживеат своите идеи и да останат продуктивни – сè во еден таблет создаден за секојдневна употреба и буџет.
- Имерсивен екран: 10.9-инчен дисплеј со Vision Booster и до 600 нити максимална светлина за живописно гледање и во затворен простор и на отворено.
- Сигурни перформанси што траат: со унапреден процесор и батерија од 8000mAh со супер-брзо полнење, Galaxy Tab S10 Lite е создаден да издржи долги часови на забава, учење и повеќе.
- S Pen и креативни алатки: Вклученото S Pen пенкало, интелигентните функции и поддршката за голем број апликации од трети страни им овозможуваат на корисниците лесно да скицираат, пишуваат и креираат.
Скопје, 25 август – Samsung Electronics Co., Ltd. денес го претстави Galaxy Tab S10 Lite – таблет создаден да го подобри начинот на кој корисниците гледаат содржини, креираат и остануваат продуктивни каде и да се. Со голем екран за имерсивно визуелно доживување и вклучено S Pen пенкало за креативно изразување без напор, Galaxy Tab S10 Lite нуди секојдневна практичност и одлична вредност во еден елегантен уред. Дополнително, Samsung интелигентните карактеристики овозможуваат лесен пристап до нови нивоа на креативност и продуктивност, додека беспрекорно поврзаното искуство ги синхронизира идеите, содржините и задачите низ целата Galaxy екосфера.
„Новиот Galaxy Tab S10 Lite е дизајниран да донесе практични, секојдневни функционалности до повеќе луѓе ширум светот,“ изјави Чангтае Ким, извршен потпретседател и раководител на New Computing R&D Team во Mobile eXperience Business, Samsung Electronics. „Го создадовме како сигурен придружник кој им овозможува на корисниците да извлечат максимум од секој момент – со корисни функции и разновиден дизајн кој природно се вклопува во нивниот живот, било да преминуваат меѓу часови и плејлисти, остануваат продуктивни во текот на денот или го претвораат слободното време во креативно искуство.“
Гледај и играј на посветли и помазни екрани
Со големиот 10,9-инчен екран¹, Galaxy Tab S10 Lite нуди извонредно искуство за забава – совршено за стриминг, пребарување и многу повеќе. Благодарение на Vision Booster и врвната осветленост до 600 нита, корисниците можат да уживаат во омилените содржини на живописен и мазен екран кој лесно се прилагодува и на затворен, и на отворен простор. Дополнително, намалената емисија² на сина светлина овозможува поголема удобност при подолги часови гледање серии или филмови.
Овој таблет доаѓа со надграден процесор и поголем капацитет на меморија, што му овозможува лесно и брзо справување со секојдневните задачи – од преминување меѓу повеќе отворени табови при истражување, до работа со различни апликации истовремено. Батеријата со капацитет³ од 8000 mAh и поддршката за супер-брзо полнење⁴ гарантираат дека Galaxy Tab S¹⁴10 Lite ќе издржи долги часови непрекината забава или ноќни учења во библиотека, без грижа за често полнење.
Интелигентни функции за креативност и поголема продуктивност
Од учење до реализирање креативни идеи, Galaxy Tab S10 Lite носи интелигентни функции кои помагаат корисниците да останат фокусирани и инспирирани во секој момент и на секое место. Со практични алатки кои ги следат секојдневните потреби во движење, таблетот овозможува јасно размислување и слободно создавање – без разлика на задачата.
- Во пакувањето доаѓа S Pen што овозможува моментална реакција и неверојатна прецизност. Запишување идеи за време на повик или брзо скицирање додека патувате – сè е возможно и едноставно.
- Интелигентни алатки на Samsung Notes донесуваат структура во секојдневното размислување, без разлика дали станува збор за организирање на рачни белешки со Handwriting Help⁵, решавајте равенки со Solve Math⁶, или директно означување и уредување PDF документи. Функцијата Split View овозможува преглед на лекциски слајдови и истовремено водење белешки или цртање со референтни слики – совршено за мултитаскинг.
- Galaxy Tab S10 Lite е и одличен AI компањон. Со Circle to Search⁷ (во соработка со Google) добивате моментално пребарување и преведување од било кој дел на екранот, без да го прекинете фокусот. Дополнително, Galaxy AI Key на тастатурата Book Cover Keyboard⁸ нуди брз пристап до вештачката интелигенција за идеи, помош или брзо решавање задачи.
- Galaxy Tab S10 Lite нуди пристап до бројни апликации⁹ од трети страни, овозможувајќи им на корисниците да истражат различни алатки за својот уникатен начин на работа. Од креативни алатки како Goodnotes¹⁰, Clip Studio Paint¹¹, LumaFusion¹², Notion¹³, до популарните Noteshelf 3¹⁴, ArcSite¹⁵, Sketchbook и Picsart¹⁶ – за идеите да преминат од концепт до финално дело без ограничувања.
Дополнително, Galaxy Tab S10 Lite нуди и ексклузивни понуди за апликациите – како 1 година бесплатна верзија на Goodnotes, 6 месеци бесплатна проба на Clip Studio Paint со 20% попуст за првата претплата, 66% попуст на LumaFusion со 1-месечен Creator Pass, како и 1 месец бесплатна проба на Notion Plus план со Notion AI.
Достапност
Galaxy Tab S10 Lite ќе биде достапен почнувајќи од 5 септември и ќе се нуди во три бои: сива, сребрена и корално-црвена¹⁷.
За повеќе информации за Galaxy Tab S10 Lite, посетете ги: Samsung Global Newsroom или Samsung.com.
Спецификација
Galaxy Tab S10 Lite | ||
Екран | 10.9 инчи, 2112×1320 (WUXGA+), TFT | |
* Измерено дијагонално како целосен правоаголник, без да се земат предвид заоблените агли. Реалната видлива површина е помала поради заоблените агли и отворот за камерата. | ||
OS | Android 15.0 | |
Димензии | 165.8 x 254.3 x 6.6мм | |
Тежина | 524г (Wi-Fi, 5G) | |
Камера | Задна | 8MP |
Предна | 5MP | |
Меморија & Склад* | 6GB+128GB 8GB+256GB microSD up to 2TB** | |
* Достапноста на меморија може да се разликува во зависност од пазарот, моделот, бојата или операторот. Реалната достапност на меморија може да варира во зависност од однапред инсталираниот софтвер, како и од пазарот, моделот, големината и форматот на датотеките. ** MicroSD картичката се продава одделно. Сите модели поддржуваат microSD картички со капацитет до 2 TB. Надворешната меморија може да се користи за складирање на медиумски содржини (фотографии, видеа и музички датотеки). Достапноста може да варира во зависност од земјата и производителот.. | ||
AP | Exynos 1380 | |
Батерија* | 8,000mAh | |
* Типична вредност тестирана под лабораториски услови од трета страна. Типичната вредност е проценета просечна вредност земајќи го предвид отстапувањето во капацитетот на батеријата меѓу тестирани примероци на батерии според стандардот IEC 61960. | ||
Мрежа & Поврзаност | 5G, Wi-Fi 6, Bluetooth® v 5.3 | |
Боја | Сива, сребрена, корално-црвенаG | |
Звук | 2EA (1.6W) |
¹Измерено дијагонално.
²Екранот на Galaxy Tab S10 Lite има добиено „Low Blue Light“ сертификат од SGS, врз основа на неговата способност да ја намали емисијата на сина светлина од екранот. Повеќе информации за сертификатот може да се најдат на: www.sgs.com/performance.
³Типична вредност тестирана под лабораториски услови од независни страни. Типичната вредност е проценета како просек, земајќи ја предвид девијацијата на капацитетот кај различни примероци батерии, според IEC 62133 стандардот. Типичниот капацитет за Galaxy Tab S10 Lite е 8.000 mAh. Реалниот век на батеријата може да варира во зависност од мрежната средина, начинот на користење и други фактори.
⁴Брзината на супер-брзото полнење зависи од нивото на батеријата и други фактори. Се препорачува користење на оригинален Samsung кабел за податоци.
⁵Функцијата Handwriting Help работи директно на уредот и не бара интернет конекција, но е потребна најава со Samsung Account. Точноста на резултатите не е загарантирана. Во моментов Handwriting Help поддржува: арапски, кинески (материк), кинески (Хонг Конг), кинески (Тајван), англиски (Австралија, Индија, Велика Британија, САД), холандски, француски (Канада, Франција), германски, хинди, индонезиски, италијански, јапонски, корејски, полски, португалски (Бразил, Португалија), романски, руски, шпански (Мексико, Шпанија, САД), шведски, тајландски, турски и виетнамски.
⁶Функцијата Solve Math исто така работи директно на уредот и не бара интернет конекција, но е потребна најава со Samsung Account. Неточно препознавање на ракопис може да предизвика погрешни пресметки. Достапна е само на уреди кои поддржуваат S Pen.
⁷Достапноста на услугите може да варира во зависност од земја, јазик и модел на уред. Потребна е интернет конекција. Корисниците можеби ќе треба да го ажурираат Android и Google апликацијата на најнова верзија. Функциите работат само на компатибилни апликации и површини. Резултатите можат да се разликуваат во зависност од визуелното совпаѓање, а точноста не е загарантирана.
⁸Book Cover Keyboard се продава посебно. Функциите и распоредот на тастатурата може да се разликуваат според земја, јазик и модел на уред. Апликациски кратенки може да се доделат само за одредени апликации. За користење на Bixby или Google Gemini е потребна интернет конекција. Компатибилноста и достапноста на услугите може да варира.
⁹Достапноста на апликациите и условите за користење може да варираат во зависност од земјата и регионот.
¹⁰Goodnotes Апликацијата треба посебно да се преземе од Galaxy Store и вклучува 1 година бесплатна целосна верзија. По завршувањето на бесплатниот период, е потребна дополнителна набавка за континуирано користење. Достапноста и условите за користење може да се разликуваат според земја и регион.
¹¹Clip Studio Paint За користење е потребно членство. Апликацијата доаѓа претходно инсталирана во одредени пазари, а може и да се преземе од Galaxy Store. За првпат инсталирани корисници е достапна 6-месечна бесплатна пробна верзија. По завршување на пробниот период, потребна е платена месечна или годишна претплата за понатамошно користење. На првата претплата важи 20% попуст.
¹²LumaFusion Апликацијата е достапна како stub (претходно инсталирана икона) и потребно е корисникот да ја активира преку Galaxy Store со завршување на купувањето. Сите корисници на Galaxy уреди добиваат 66% попуст при купување од Galaxy Store и дополнително 1 месец бесплатна Creator Pass претплата. Промоцијата за попуст од 66% важи до 30 ноември 2026 година.
¹³Notion Апликацијата треба да се преземе посебно од Galaxy Store и доаѓа со 1 месец бесплатен пробен период за Notion Plus со AI, достапен за еден ново креиран Notion работен простор. Достапноста и условите за користење може да варираат според земја и регион.
¹⁴Noteshelf 3 За целосна Premium верзија е потребна посебна набавка (надградба). Преку Galaxy Store достапен е 30% попуст за надградбата.
¹⁵ArcSite Потребно е посебно преземање од Galaxy Store. За нови корисници е достапен 1 месец бесплатен пробен период. По завршувањето, е потребна платена претплата за месечен или годишен план за користење. На првата месечна претплата важи 30% попуст. Достапноста и условите за користење може да се разликуваат по земја и регион.
¹⁶Sketchbook и Picsart Овие апликации бараат посебно преземање од Google Play Store. Дополнителни функции може да бараат посебна набавка.
¹⁷Бои и модели Достапноста на боите и моделите на Galaxy Tab S10 Lite може да варира во зависност од земјата, регионот или мобилниот оператор.
###
За Samsung Electronics Co., Ltd.
Samsung ја инспирира светот и ја обликува иднината со трансформативни идеи и технологии. Компанијата ги редефинира световите на телевизорите, дигиталната сигнализација, паметните телефони, носливите уреди, таблетите, домашните апарати и мрежните системи, како и меморијата, систем LSI и фабричкото производство. Samsung, исто така, ги унапредува технологиите за медицинска визуелизација, HVAC решенија и роботика, додека создава иновативни автомобилски и аудио производи преку Harman. Со својот SmartThings екосистем, отворената соработка со партнери и интеграцијата на AI низ целиот свој портфолио, Samsung обезбедува беспрекорно и интелигентно поврзано искуство.
За најнови вести, посетете ги Новостите на samsung.com/mk/news