Интервјуто можеш да пишеш дека е со организаторите на самитот.
Ова е третото издание на AI Tech Summit – што го прави различен и посебен во споредба со претходните?
Ова издание на AI Tech Summit носи нова енергија и визија. Важно е да се напомене дека ова е трето издание во Скопје, но четврто земајќи го предвид и интернационалното издание на самитот кое се одржа минатата година во Малага, Шпанија.
Оваа година фокусот е многу поширок – од спорт и медицина, па сè до индустриска трансформација, дигитални градови и етички аспекти на AI. Со ваквиот пристап самитот станува регионален центар каде што локалната сцена се поврзува со светски експерти.
Како го одбравте фокусот на агенти за вештачка интелигенција и автоматизација? Колку ова може да биде практично за учесниците?
Агентите за AI и автоматизација се една од најрелевантните теми денес – тие веќе се користат за поддршка на процеси во бизнис, медицина, финансии и образование. Учесниците ќе можат да слушнат директно од експерти како овие технологии се применуваат во пракса и кои се конкретните алатки што можат да ги користат во својата работа.
Кои индустрии оваа година ќе добијат најголемо внимание во однос на примената на AI?
Најмногу внимание оваа година ќе имаат спортот (со учество на Barça Vision и FC Barcelona) и медицината (со истражувачи и професори кои работат на AI во неврохирургија, кардиологија и биоинженеринг). Дополнително, ќе се покријат и теми од областа на користењето на вештачка интелегенција во финансии, архитектура, дигитални медиуми и индустриски системи.
Кои се најголемите предизвици во интеграцијата на вештачката интелигенција во Македонија?
Предизвиците се неколку: недоволно локални податоци, ограничена дигитална инфраструктура, недостиг на кадар и етички прашања. Во исто време, веруваме дека во Македонија постојат компании кои се подготвени да иневстираат и да имплементираат иновативни решенија за подобрување на секој сегмент од своето работење. Самитот има цел да отвори дебата за овие теми, да покаже практични решенија и да ги мотивира компаниите да инвестираат во алатки за вештачка интелегенција.
Кои се клучните реакции (feedback) од претходните изданија?
Најсилниот фидбек беше дека учесниците ја ценат можноста за практични примери, директен контакт со меѓународни експерти и вмрежување што резултира со нови проекти и соработки. Самитот ја позиционира Македонија на значајно место на регионалната мапа на современи технологии, па потенцијалните соработки не се само локални, туки и интернационални.
Какви ефекти очекувате самитот да има врз македонската технолошка сцена и пошироко?
И оваа година очекуваме учесниците да си заминат со позитивни импресии, многу нови научени работи кои дополнително ќе ги истражуваат, склучени нови партнерства, зголемен интерес за AI стартапи, но и нова генерација млади експерти кои ќе се инспирираат да развиваат проекти со глобален потенцијал.
Филип беше основач и визионер на AI Tech Summit. Како неговата енергија и идеи продолжуваат да ве инспирираат?
Филип секогаш гледаше подалеку во иднината каде Македонија е дел од светската технолошка мапа. Неговата визија за AI како алатка за општествена трансформација останува наш компас.
Кои лични вредности на Филип најмногу се чувствуваат во ова издание на самитот?
Неговата храброст, иновативност и верба во младите луѓе најмногу се чувствуваат. Токму затоа ова издание е посветено на новите генерации и на теми што ја поврзуваат технологијата со човечките вредности, спортот како заедништво и медицината како грижа за животот.