Европските гиганти ги здружуваат силите – сите инвестираат во вештачка интелигенција

- Advertisement -

Германскиот индустриски гигант Siemens објави соработка со група европски производители на машини. Целта на оваа соработка е обука на модели на вештачка интелигенција за употреба во индустријата.

- Advertisement -

Така, Siemens ќе ги здружи силите со водечки производители како што се ChironTrumpfGrobRenishawHeller и Лабораторијата за машински алатки на Универзитетот РВТХ во Ахен.

Соработката ќе овозможи систематска размена на податоци за инженерство, производство и машини. Овие податоци ќе се користат за развој на нови генеративни апликации за вештачка интелигенција прилагодени на индустриските средини.

- Advertisement -

На индустријата ѝ се потребни многу посигурни модели на вештачка интелигенција отколку, на пример, апликации како Chat GPT бидејќи грешките можат да бидат исклучително скапи и опасни. Затоа, потребно е да се користат проверени податоци од индустриски компании за обука.

  • Заедно со нашите клиенти и партнери, денес правиме значаен чекор во проширувањето на вештачката интелигенција за индустриски апликации. во оваа област гледаме одлична можност за развој на европската економија и за зајакнување на индустријата: од автомобилската, хемиската и фармацевтската, до машинското инженерство, енергетиката, здравството, инфраструктурата и транспортот” изјави извршниот директор на Siemens, Роланд Бас.

Пристапот до овие податоци може да донесе сосема ново ниво на продуктивност, особено во машинското инженерство. Создавањето програми за машини со помош на вештачката интелигенција може да го забрза напредокот, да го намали бројот на грешки и да ја олесни работата на програмерите.

- Advertisement -

Меѓу можните области на примена, се издвојуваат следниве: одржување на машини врз основа на прогнози за можни специфични проблеми,
прилагодување на производствените процеси на променливите услови на работа во реално време,
поефикасна потрошувачка на енергија.

(Kamatica)

(YouTube)

Сподели!
- Advertisement -