Европската комисија ќе предложи царини за руската нафта што сè уште се увезува на европскиот пазар, изјави во четврток портпаролот на Комисијата, Олоф Гил.
- Комисијата наскоро ќе излезе со деталите за овој предлог. Претседателката на Комисијата, после разговорите со американскиот претседател Доналд Трамп, објави дека ќе предложи царини за увоз на руска нафта.
Ова не е санкција, за која е потребна едногласност, туку трговска мерка за која земјите-членки одлучуваат со квалификувано мнозинство, што спречува која било земја-членка да стави вето на одлуката.
Унгарија и Словачка се единствените земји што сè уште увезуваат нафта од Русија преку нафтоводот Дружба. Тие, како и Чешка, добија ослободување од забраната за увоз на нафта и нафтени производи како земји без излез на море што не можат да ја увезуваат од други извори.
Овие земји треба да го искористат ова ослободување и да обезбедат диверзификација на снабдувањето со нафта од други извори, што Чешка го направи во меѓувреме, додека Унгарија и Словачка сè уште не покажаа никаква намера да одат во таа насока.
(SEEBiz.eu)