Турција стана светски лидер во одржлив туризам

- Advertisement -

Турција постигна значаен успех во областа на одржливиот туризам, бидејќи повеќе од 2.000 сместувачки капацитети во земјата го добија престижниот сертификат GSTC, доделен од Глобалниот совет за одржлив туризам.

Ова ја прави Турција земја со најголем број хотели и други сместувачки капацитети сертифицирани според овие меѓународни стандарди. Во 2022 година Турција потпиша договор за соработка со GSTC, со што започна имплементацијата на национална рамка за одржлив туризам.

- Advertisement -

Оваа иницијатива е единствена на глобално ниво, бидејќи Турција е првата земја што воспостави програма на национално ниво во соработка со GSTC, што стана пример и инспирација за други земји. За само три години повеќе од 2.000 турски хотели и сместувачки капацитети успешно ги поминаа строгите критериуми за сертификација на GSTC.

Овој успех не само што го трансформираше туристичкиот сектор на земјата, туку ја позиционираше Турција како водечки играч во областа на одржливиот туризам во светот – со над 80% од сите објекти сертифицирани од GSTC лоцирани во Турција.

- Advertisement -

Во рамките на Третата фаза од Националната програма за одржлив туризам Турција достигна уште една важна пресвртница: повеќе од 2.000 сместувачки капацитети во земјата сега го поседуваат престижниот сертификат GSTC. Сертификацијата според глобалните стандарди за одржлив туризам стана симбол на престиж за објектите кои имаат за цел да им понудат на посетителите највисок квалитет на услуга и удобност. До крајот на 2024 година 1.466 објекти го добија сертификатот GSTC, додека до 1 септември 2025 година овој број се зголеми на 2.005 – импресивно зголемување од 37% за само девет месеци.

Оваа бројка дополнително ја потврдува стратешката визија на Турција да биде глобален лидер во одржливиот туризам. Во провинциите Анталија, Киршехир и Килис стапката на сертификација во Третата фаза надмина 50% од вкупниот капацитет на соби и кревети. Истанбул, Коња, Ширнак, Газиантеп, Кајсери и Ајдин се исто така во близина, каде што повеќе од 30% од сместувачките капацитети се сертифицирани според стандардите на GSTC. Овие резултати покажуваат дека не само водечките туристички центри, туку и новите, растечки дестинации се посветени на принципите на одржливост.

- Advertisement -

Министерот за култура и туризам на Република Турција, Мехмет Нури Ерсој, ја нагласи важноста на постигнатите резултати:

  • Преминувањето на прагот од 2.000 хотели со GSTC сертификација ја потврдува нашата лидерска позиција во одржливиот туризам. Нашата визија оди подалеку од целта за целосно усогласување со глобалните стандарди до 2030 година, сакаме Турција активно да ја обликува иднината на одржливиот туризам. Нашата туристичка индустрија покажува поголема свест и одговорност секој ден. Растечкиот број на објекти сертифицирани од Фаза 3 јасно ја покажува нашата посветеност на трансформацијата. Одржливоста стана фундаментален принцип и споделена одговорност што ја обликува иднината на туризмот. Сега го прошируваме овој пристап кон гастрономијата. Новата програма во секторот за храна и пијалоци ќе постави глобален пример, како што веќе е направено во угостителската индустрија”.

Директорот на Глобалниот совет за одржлив туризам (GSTC), Ренди Дурбанд, ги пофали напорите на Турција:

  • И честитаме на Турција за надминувањето на 2.000 хотели сертифицирани од GSTC, извонредно достигнување што покажува силно лидерство во одржливиот туризам. Националната програма за одржлив туризам на Турција поставува глобален пример за тоа како јавниот и приватниот сектор можат да работат заедно за да ги подигнат стандардите преку ригорозна програма што вклучува објекти од сите големини и типови. Се надеваме дека оваа иницијатива ќе ги инспирира дестинациите низ целиот свет”.

Процесот на верификација и сертификација на сместувачките капацитети е клучен столб на Националната програма за одржлив туризам на Турција, развиена во партнерство со Глобалниот совет за одржлив туризам (GSTC). Програмата е дизајнирана да обезбеди одржлив раст на турскиот туризам и да ги обедини сите засегнати страни околу заедничко разбирање на стандардите за одржливост. Сместувачките капацитети низ целата земја се подложени на ригорозни ревизии во согласност со стандардите на GSTC, а сертификацијата постепено станува задолжителна, целосно усогласена со меѓународните норми.

Програмата има за цел сите објекти да ги завршат сите три фази на сертификација и да добијат сертификат за одржлив туризам до 2030 година. Со овој стратешки чекор, Турција ја трансформираше одржливоста од доброволна практика во правно обврзувачка рамка, станувајќи глобален пример за трансформација на туризмот. Турција сега е меѓу првите земји што воведоа задолжителна сертификација на сместувачките капацитетина објекти, покажувајќи дека одржливиот туризам не е само пожелен – туку и неопходен.

(Kamatica)

Сподели!
- Advertisement -