Цените и кириите на недвижностите растат во ЕУ освен во една земја

- Advertisement -

Цените и кириите на станбените недвижности во Европската Унија продолжија да растат во вториот квартал од 2025 година, според податоците на Евростат објавени денес.
Според извештаите, цените на недвижностите се зголемиле за 5,4 проценти во споредба со истиот период во 2024 година, додека кириите се зголемиле за 3,2 проценти.

Во споредба со првиот квартал од 2025 година, цените на куќите се зголемиле за 1,6 проценти, а кириите за 0,7 проценти, што укажува на продолжување на стабилниот раст на пазарот на недвижности низ цела ЕУ.
Од 2010 година до денес, цените на куќите во Европската Унија се зголемиле за вкупно 60,5 проценти, додека кириите скокнале за 28,8 проценти.

- Advertisement -

Сепак, траекторијата на раст беше поинаква – кириите бележат постепен и стабилен раст, додека цените на становите покажаа значително поголеми осцилации – прво силен раст од 2015 до 2022 година, потоа пократок период на стагнација, а потоа обновен тренд на раст од 2024 година.

Највисок раст на цените на станбените недвижности во периодот од 2010 до 2025 година е забележан во Унгарија 277 проценти и Естонија 250 проценти, а цените се дуплираа или повеќе во десет други земји-членки, Литванија, Латвија, Чешка, Португалија, Бугарија, Австрија, Луксембург, Полска, Словачка и Хрватска.

- Advertisement -

Италија е единствената земја каде што цените на станбените недвижности се намалија во тој период за еден процент, според веб-страницата на Евростат.

Кога станува збор за цените на кириите, најголем раст е забележан во Естонија 218 проценти, Литванија 192 проценти, Унгарија 125 проценти и Ирска 117 проценти. Грција е единствената членка на Европската Унија каде што кириите се намалија од 2010 година, за девет проценти.

- Advertisement -

Фото – Landlord Today

Сподели!
- Advertisement -