Ова се десетте најбарани професии во светот во моментот

- Advertisement -

Многу баратели на работа можат да потврдат дека ова е едно од најпредизвикувачките времиња за наоѓање нова можност. Вработеноста е намалена во голем број индустрии, додека масовните отпуштања во некои сектори значат дека повеќе работници се натпреваруваат за ограничен број слободни работни места.

Сепак, некои професии сè уште се многу барани. Според извештајот објавен во средата од платформата Monster, се издвоија 10-те најбарани работни места меѓу работодавците во третиот квартал. Во моментот најмногу можности се отвораат во секторите за здравство, логистика, продажба и услуги на клиентите.

- Advertisement -

Најбараните работни места во моментов:

-Регистрирана медицинска сестра
-Физикален терапевт
-Возач на камион
-Продажен претставник
-Радиолошки техничар/технолог
-Логопед
-Лице за достава
–Респираторен терапевт
-Специјалист за рехабилитација)
-Претставник за услуги на клиентите

- Advertisement -

„Здравствената заштита јасно води на оваа листа, со шест од десет работни места во оваа област, особено клинички позиции“, изјави Вики Салеми, експерт за кариера на Monster, за CNBC Make It.

Извештајот, базиран на десетици илјади огласи за работа во текот на третиот квартал, исто така покажува дека таканаречените „основни работни места“, како што се возачи на камиони и доставувачи, продолжуваат да бидат стабилни и отпорни на кризи.

- Advertisement -

Додека некои од работните места на листата бараат професионални квалификации или професионални сертификати, други се подостапни за кандидатите кои сè уште немаат богато искуство во областа.

„Ако работите во индустрија каде што комуницирате со клиенти, веројатно веќе имате вештини за услуги на клиентите“, објаснува Салеми.

Таа, исто така, им советува на кандидатите кои сакаат да се обидат со нова професија да размислат за инвестирање во дополнителни вештини (т.н. надградба на вештини) како чекор што може значително да ги зголеми нивните шанси за вработување. Дополнително, таа додава дека иако некои професии не се најдоа на оваа листа, сезонските вработувања во малопродажбата и угостителството веќе се во полн ек пред новогодишните празници.

Без оглед на позицијата за која аплицирате, Салеми им советува на кандидатите да ја прилагодат секоја апликација на конкретното работно место, наместо да испраќаат масовни апликации на десетици огласи.

„Поентата не е во бројот на апликации. Клучот е да имате фокусиран пристап, подобро е внимателно да изберете неколку позиции што навистина одговараат на вашите способности и цели, наместо да аплицирате случајно и да се надевате на најдоброто.“ нагласува таа.

(CNBC Make It)

Сподели!
- Advertisement -