Продолжува порастот на бројот на патници на скопскиот и охридскиот аеродром!

- Advertisement -

Од јануари до септември, Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид опслужиле 2,6 милиони патници и  20.141 летови.

Двата македонски аеродроми, Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид во првите девет месеци опслужиле вкупно 2.585.096 патници што е зголемување од 6% во однос на истиот период, минатата година. Бројот на летови пак, во истиот временски период е зголемен за 3% односно двата аеродроми опслужиле 20.141 летови од почетокот на годината до септември.  

- Advertisement -

„Во првите девет месеци од годината ТАВ Македонија го одржа позитивниот тренд на раст и стабилност, со што уште еднаш ја потврдивме успешноста на нашата долгорочна стратегија. Овие резултати не се случајни, тие се резултат на внимателно планирање и континуирана посветеност кон подобрување на услугите на двата македонски аеродроми.

За овој константен позитивен тренд на раст на бројките за овие 9 месеци во голема мера влијаеа новоотворените 8 линии од двата ародроми на почетокот на годинава, во соработка со авикомпаниите и Владата.

- Advertisement -

Убеден сум дека стабилниот раст ќе продолжи и до крајот на годината затоа што во наредниот период ќе стартуваат 7 нови авио-поврзувања на земјава преку авиокомпанијата Виз ер и тоа од Скопје до Бари и Стокхолм, преку летовите кои ќе почнат на 27 октомври, а истиот ден ќе започне и авиорутата од Охрид до Базел. Ден подоцна, на 28 октомври главниот град се поврзува со Мадрид и Ларнака и потоа, а од 15 декември, и со Прага и Келн. Дополнително, од 3 ноември Easyјet повторно ќе го поврзе Скопје со Женева.   

Очекувам голем број на патници да привлечат и новите летови кои се веќе најавени за идната година и тоа од Скопје до Будимпешта и до Неапол кои ќе почнат од 30 март 2026 година и од Охрид, до Милано на 30 март, Вроцлав на 07 јуни и Катовице од 8 јуни.

- Advertisement -

Оттука, сакам да посочам дека и во наредниот период ТАВ Македонија ќе продолжи да работи во насока на отворање на нови авиолинии и влез на нови авио-компании и на уште подобра поврзаност на Македонија со светот, вели Неџат Курт, Генерален директор на ТАВ Македонија.

Според статистиката на ТАВ Македонија, само во септември двата македонски аеродроми опслужиле 329.523 патници, што е 8% повеќе споредено со истиот период минатата година, а биле реализирани 2.422 летови што е за 1% повеќе од лани. Стабилниот пораст во првите 9 месеци го докажува и дневниот пресек на патници. Скопскиот аеродром дневно во просек опслужувал 8,687 патници што е за 5,7% повеќе од лани, а преку охридскиот, дневно патувале 767 патници што е за 16.3% повеќе споредено со минатата година.

Одделните анализи за двата аеродроми за периодот од јанури до септември покажуваат дека преку Меѓународниот Аеродром Скопје патувале 2.375.264 што е за 5,4% повеќе од лани, а додека Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид бележи двоцифрен пораст од високи 16,2% со услужени 209.832 патници.   

Истанбул повторно е најфреквентна дестинација од Меѓународниот Аеродром Скопје до двата аеродрома ИГА и Сабиха Гокчен со 16,9% пазарен удел. Потоа следуваат Базел Милуз (6,1%), Франкфурт (5,7%), Цирих (4,6%), Виена (4,2%), Минхен – Меминген (4,1%) и Дортмунд (4,1%). Топ – пет земји до кои има најмногу директни летови се Турција (25,1% пазарен удел во вкупниот патнички сообраќај), Германија (24,7%), Швајцарија (10,9%), Италија (5,2%) и Австрија(4,4%).

Сподели!
- Advertisement -