Интервју со Далибор Здравески, извршен директор на Флуид Проект
Во време кога енергетската ефикасност и одржливите технологии се клучни за развојот на секоја индустрија, Флуид Проект продолжува да го зацврстува своето место како една од водечките компании во областа на енергетиката и автоматизацијата. Со долгогодишно искуство, иновативен пристап и фокус на зелени решенија, компанијата оваа година ќе биде меѓу главните учесници на саемот Енерго Технома 2025, најзначајниот домашен настан за енергетика, електротехника и индустриски технологии.
Извршниот директор на Флуид Проект, Далибор Здравески открива што ќе претстави компанијата на саемот, како ја гледа иднината на енергетскиот сектор и зошто домашните компании треба посериозно да инвестираат во паметни и ефикасни системи.

Флуид Проект е препознатлива компанија во областа на третман и прочистување на вода. Кои производи и технологии ќе ги претставите на годинашниот саем Енерго Технома 2025?
Флуид Проект е компанија која постои повеќе од 33 години на нашиот пазар и е водечка во третманот на вода. За годинашното издание на Енерго Технома, Флуид Проект ќе се претстави со 4 структури и тоа: кабинетски јонски омекнувачи за домаќинство и угостителство, софистицирано решение за кујната, славина која ќе донесе вода од иднината во домот, комплетна понуда на базенска хемија и опрема и пумпи со врвен квалитет на производителот Grundfos од Данска.
Сè повеќе домаќинства и компании во Македонија се интересираат за решенија за чиста и безбедна вода. Кои системи за прочистување препорачувате за домашна употреба, а кои за бизнис-средини и спа-центри?
Водата е насушна и животна потреба на човекот. Ја има во секое домаќинство и е незаменлива, но секогаш мора да биде беспрекорно чиста и безбедна за употреба. Во зависност од кое извориште доаѓа, водата е со различен квалитет, но најчесто кога зборуваме за водите во Македонија, зборуваме за „тврди“ води, кои содржат многу калциум. Токму затоа, станува незибежна употребата на јонски омекнувачи во домаќинствата.
Јонските омекнувачи се уреди кои овозможуваат машините за перење садови, машините за перење алишта, бојлерите и сите садови каде водата термички се обработува, да го продолжат животниот век, а животот на потрошувачите да го направат поквалитетен и поедноставен.
Покрај тоа, јонските омекнувачи во изминатите години се нужна потреба во сите сфери на индустријата, во медицинските и хотелските објекти, базенските комплекси, СПА центрите, односно со еден збор, насекаде.
Во вашето портфолио може да се видат различни системи за филтрација и третман на вода. Што е она што ги издвојува производите на Флуид Проект од останатите на пазарот?
Флуид Проект е компанија која има богато портфолио со повеќе од 2.000 производи и инсталации. Инженерскиот тим составен од 14 инженери, кои ги покриваат сите фази на проектирање и изведување е гаранција дека секогаш е избрано и подготвено најдоброто проектно решение. Покрај нив, и големиот тим од 40 инсталатери и сервисери е гаранција дека производот соодветно ќе биде исталиран, тестиран и пуштен во работа. Во сите инсталации на системи и реализации на проектни активности, Флуид Проект употребува материјали со висок квалитет од проверени и потврдени добавувачи.
Денес, кога темите за одржливост и здрав живот се особено актуелни, како технологиите за прочистување на вода можат да придонесат за подобрување на квалитетот на животот и заштита на животната средина?
Заштитата на животната средина е нашиот приоритет, а тоа значи воведување нови технологии и материјали за третирање на отпадните води. Постигнатиот квалитет на преработените отпадни води ги задоволува највисоките светски стандарди, а со тоа се подобрува квалитетот на живеење и се зголемува степенот на заштита на животната средина.
Енерго Технома 2025 е можност за директна комуникација со посетителите. Што очекувате од ова издание на саемот и што би им порачале на граѓаните кои размислуваат да инвестираат во систем за прочистување на вода?
Не радува што на Енерго Технома 2025 ќе имаме можност за директна комуникација со посетителите. Можност да им ги претставиме сите предности и добри страни на филтрираната вода, без разлика дали размислуваат да инвестираат во систем за прочистување на вода или не.
Ќе ни претставува чест и задоволство да ја раскажеме нашата приказна „за водата од иднината” и да ги убедиме и оние што не размислувале за системи за прочистување на водата.



