Нас: Благојче Најдовски произведува трутово млеко, високопротеински пчелин продукт со многу бенефити за здравјето

- Advertisement -

Благојче Најдовски е трета генерација пчелар во неговото семејство. Неговиот мед е познат по своите иновации и комбинации, кои можат да се користат не само како храна, туку и како лек.

Најдовски веќе неколку години работи и на промоција на нов, иновативен пчелин производ, трутово млеко, добиен од пресување на ларвите на трутовите. Се работи за високопротеински продукт со многу бенефити за човековото здравје, но со многу мала традиција за производство и за користење на нашите простори.

- Advertisement -

Заради тоа, вели Најдовски, активно се работи на едукација на пчеларите, но и на купувачите за трутовото млеко, кое има потенцијал да биде голем поттик за развој на локалните заедници и бизниси.

Благојче, веќе подолго време развиваш еден иновативен пчелин продукт, кој не е познат на македонскиот пазар. Кажи ни подетално што е трутово млеко?

- Advertisement -

Трутовото млеко е пчелен производ добиен со пресување на ларвите од трутовите. Се добива погусто кремасто млеко, со бела до жолта боја и со киселкаст вкус. Иако наликува на матичниот млеч, составот на трутовото млеко е поразличен. Причините што кај нас не е познат овој пчелин производ е што нема традиција на производство, иако во земјите од Азија, Русија, па и во Бугарија и Романија се користи и како храна и како лек.

Како дојде на идејата да произведуваш трутово млеко?

- Advertisement -

Јас читам доста руска литература поврзана со пчеларење, од каде и дознав за овој производ. Исто така соработувам во професорот Пламен Христов од Бугарија кој е запознаен со начинот на производство на трутовото млеко. Така започнав да размислувам за овој производ, па и да работам на производството. Сега, не само јас, туку и други мои колеги пчелари знаат за него, а и се едуцирани за постапката за производство.

Во земјава има околу 4.000 пчелари, а матичен млеч произведуваат само неколку стотини. За разлика од млечот, трутовото млеко може да го произведува секој пчелар зашто постапката е многу едноставна, а нема и никакви трошоци. Особено е поволно што ако матичниот млеч се произведува по само неколку грама од пчелно семејство, трутово млеко може да се добие околу четири килограми. Постапката не го нарушува пчелното семејство, ниту му штети на вадењето мед, правењето прополис или кои било други пчелни производи. Значи, може да се произведе мед исто како и секоја година, а трутовото млеко ќе биде вид нус-производ.

Во моментов во Македонија се бројат на прсти пчеларите кои проиозведуваат трутово млеко, но, сепак, многу е важна и едукацијата на потрошувачите.  Сакаме да им укажеме на луѓето колку е корисен овој производ, да ги научиме дека е подобро да ги превенираат болестите кои во најголем процент се случуваат поради небалансираниот, современ начин на исхрана. Истовремено, сакаме да ги охрабриме пчеларите да го произведуваат.

Какви се бенефитите од консумацијата на трутовото млеко?

Трутовото млеко содржи витамини, минерали, хормони, цела ризница хранливи материи.  Добро е за лица кои имаат проблеми со остеопороза и фертилитет, за полови дисфункции, за зголемување на мускалната маса, за ублажување на симптомите од менопаузата, за проблеми со вишок масти или висок притисок.

Овој пчелин производ ги зајакнува имунолошкиот и централниот нервен систем, има висока енергетска и нутритивна вредност, на 100 грама содржи 405 килокалории или третина од дневната потреба за хранливи материи кај човекот. Составот е пет отсто протеини, еден процент масти и 94 отсто јаглехидрати.

Бенефитот од млечот е повеќе од јасен и докажан, а благодетот од трутовото млеко е само надополнување што, исто така, е научно потврдено. Доколку се користи превентивно, тогаш се доволни 20 грама во еден ден. Доколку се користи за третирање на некои состојби, тогаш дозволени се и повисоки количини, она што е добро е што нема можност за предозирање.

Како се произведува трутово млеко?

Трутовото млеко се добива од процесирање на ларвите од трутовите. Кога ќе се стават под притисок, од нив се добива погусто млеко, кое е со краток рок на траење. Откако ќе се произведе мора што поскоро да се конзервира, за што се користат неколку методи во алкохол, со замрзнување и други. Затоа е најдобро трутовото млеко да се набави таму каде што се произведува.

Од друга страна работиме на развивање технологија за производство на млекото во прав, кое ќе има рок и до пет години, а нема да ги изгуби својствата. Тоа се постигнува со сушење на минус 40 степени во вакуум, процес кој сега го разработуваме.

Какви се вашите планови за во иднина? Имате ли цел, колкави количини ќе произведувате и на кои пазари ќе ги пласирате?

За бенефитите од трутовото млеко и за начинот на неговото производство веќе се едуцирани околу 40 пчелари од земјава. Во текот на ноември ќе има и три нови едукативни сесии, а ќе бидат достапни и книга и видео материјали за целиот процес. Она што ние сакаме да го постигнеме во иднина е да ги едуцираме и купувачите. Тие да знаат за трутовото млеко и самите да побараат пчелар во својата околина и да купат од него. Да работиме на локално ниво и со локалните заедници и производители.

Начинот на чување и краткиот рок на трајност наложуваат да не работиме по принципот прво да се произведе, па потоа да се бара пазар и да се нудат количини. Заради тоа сакаме прво да ја креираме потребата и знаењето кај луѓето, да го обезбедиме пласманот, па потоа да размислуваме за количините и производството.

Сподели!
- Advertisement -