Викторија Шотароска Трајкова: 20 години П.И.К.Ко е иновативен партнер на производителите на храна и пијалоци во Македонија и регионот!

- Advertisement -

Компанијата П.И.К.Ко прославува 20 години успешна работа на македонскиот пазар. Компанијата која е водечки снабдувач на суровини и функционални додатоци за производство на храна, безалкохолни и алкохолни пијалаци и други суровини за лесната хемиска индустрија. Освен високо-квалитетни суровини, компанијата нуди и технолошка помош на компаниите и иновативни решенија за специфични проблеми. Ова е повод за интервју со Викторија Шотароска Трајкова, регионален менаџер за Македонија, Косово и Албанија.

Разговараше – Верица Јорданова

За почеток кажете ни нешто повеќе за компанијата П.И.К. Ко Дооел, која веќе две децении работи успешно на нашиот пазар?

- Advertisement -

Без двоумење и без најмала скромност би нагласила дека П.И.К. Ко е водечки снабдувач на суровини и функционални додатоци во сите области од прехранбената индустрија, на нашиот локален пазар и на пазарите во регионот.

П.И.К. Ко е трговска фирма која ужива големо реноме кај светските производители на суровини и функционални додатоци. Тие бараа и во нас пронајдоа сериозен партнер кој ќе ги претставува на пазарите во нашиот регион. Соодветно на тоа ние сме почитувани, барани и ценети кај нашите клиенти кои се сериозни производители на различни видови производи од сите области на прехранбената индустрија. Тие заслужуваат да ги имаат најквалитетните суровини, а П.И.К. Ко со сите свои ресурси и корпоративната политика на професионално и посветено работење има можност, локално, најбрзо и најквалитетно да ги испорача.

- Advertisement -

Во изминативе 20 години колку што постои П.И.К. Ко на македонскиот пазар целосно се посветивме на барањата и потребите на локалните производители. Без разлика што станува збор за голема интернационална компанија која има своја политика на делување ние сметавме дека мораме да се прилагодиме на навиките, барањата и очекувањата на локалниот пазар, секако со исполнување на европските и светските стандарди на нашите партнери – производителите на суровини. Така успеавме да креираме успешна приказна која непрекинато расте и се развива цели 20 години.

Преземајќи го искуството на нашата матична компанија – Пикко АД Софија во Бугарија која следната години ќе прославува 30 години успешна работа на бугарскиот пазар, од самите почетоци беше јасна нашата мисија – да ги снабдуваме локалните производителите со суровини за чиј висок квалитет не правиме компромис, а најдобрата цената која ќе ја понудиме да биде додадена вредност. Она што не издвојува и не прави целосно различни од останатите доставувачи на суровини е нашата максимална посветеност да дадеме целосна технолошка и иновативна поддршка на клиентите за подобрување на квалитетот на нивните постоечки производи и заеднички да креираме нови. Сето тоа го прави тимот технолози на П.И.К. Ко Македонија, со поддршка на нашите партнери-производители на суровини и не би испуштила да ги споменам и нашите колеги технолози, експерти во различни области од Пикко АД Бугарија.

- Advertisement -

Од кога компанијата е присутна во Македонија и кој е тимот кој стои зад нејзиното успешно функционирање на пазарот?

П.И.К. Ко оваа година прославува 20 години успешно работење на македонскиот пазар, 20 години нашите суровини се инспирација за крајните производи на нашите клиенти.

Во 2001-та година кога се отвори компанијата, почетоците беа многу неизвесни пред сè поради тогашната политичка состојба во државата. Компанијата започна со тројца вработени чијашто визија и желба беше посилна од сите пречки на патот.

Во текот на целиот изминат период, П.И.К. Ко растеше и се развиваше во континуитет, секако тоа никако не беше случајно, растот и развојот се резултат на упорното и фокусирано работење на целиот тим кој денес брои 26 вредни и посветени вработени.

За да можеме да бидеме најдобри и неприкосновени партнери на нашите клиенти и во целост да биде ситуацијата во наши раце од старт беше јасно дека мораме да имаме директна соработка со светските производители на суровини, настојувавме да го избегнеме централизираното снабдување преку нашата матична компанија со цел да имаме контрола врз нарачките на суровините, контрола врз нивната испорака, целосна контрола врз квалитетот на суровините барајќи и проверувајќи ја целокупната документација за истите и на крај да имаме најдобро испреговарана цена од прва рака.

За сето ова да се изреализира на најпрофесионален начин беа потребни интерни вработени во компанијата кои ќе го следат процесот во целост, од почеток до крај. Трговскиот оддел е составен од технолози-комерцијалисти кои неуморно секојдневно се во контакт со нашите клиенти. Само на локалниот пазар се над 360 производители од различни области на прехранбената индустрија, кои се опслужени со повеќе од 1.500 видови суровини кои постојано ги имаме на располагање во нашиот склад во Скопје и со уште толку видови кои можеме да ги обезбедиме по барање на производителите. Без разлика на големината и потенцијалот сите клиенти имаат најпрофесионален третман од продажниот тим на П.И.К. Ко.

Покрај трговскиот оддел како воддечки оддел во компанијата, секојдневното динамично работење не може да се замисли без одделот логистика кој ги обезбедува најдобрите транспортни цени и се грижи за беспрекорното пристигнување на стоката по морски или копнен пат, пропратено со целосната потреба документација. Тука веднаш се надоврзува и одделот шпедиција којшто е многу важна алка во синџирот при увозот на нарачаната стока.

Секојдневното работење не би било толку ефикасно и професионално без колегите од финансии и правен сектор. Магацинот, складирањето на стоката, обезбедувањето на најсоодветни услови на истите е благодарение на колегите од магацин кои имаат навистина секојдневна макотрпна работа без кои не би успеале навреме и квалитетно да ги опслужиме нашите клиенти.

Со цел да ги задоволиме барањата на клиентите креиравме и наменски производи во нашето локално производство, кои се уникатни и креирани според потребите за подобрување на квалитетот на одредени производи. Тимот технолози комерцијалисти заедно со колегите технолози од производство се целосно посветени и одговорни за овој дел.

Може ли да ни раскажете малку за тоа како всушност соработувате со вашите клиенти, кои се производители на голем број познати брендови, кои потрошувачите секојдневно ги користат? Може ли да се каже дека креативните и иновативни промени во бројни индустрии всушност започнуваат од вас?

Како што веќе споменав потенцијалот кај клиентите не го цениме според големината кај истите. За нас е важен секој клиент кој покажува интерес за меѓусебна соработка и не препознава како партнер за пронаоѓање на многубројни заеднички иновативни решенија во нивното производство. На ваков начин и со ваков пристап создаваме лојални клиенти кои секогаш отворено и без двоумење се обраќаат кај нас кога имаат потреба од нов вид на суровина или развивање на нов производ.

Комерцијалниот оддел составен од технолози кои имаат и практично технолошко искуство навистина е безрезервно посветен на развојот на нови производи кај клиентите. И покрај тоа што главната дејност на фирмата е тргување со суровини, од самите почетоци осознавме дека технолошката помош при имплементирање на суровините кај производителите е од особено значење и тој пристап создава нераскинлива доверба помеѓу нас и клиентите.

Нашиот искрен, отворен и целосно транспарентен однос е исто така препознатлив и ценет. Клиентот има точна и целосна информација за потеклото на суровината, името на доставувачот, па и директни контакти во случај на потреба на директна консултација со стручни лица од страна на производителот на суровини.

Земајќи предвид дека техничко-технолошкиот развој е во постојан пораст, и сите информации се лесно достапни, мора да нагласам дека експертизата и знаењето кои ги даваат нашите експерти на самото место во погоните на нашите клиенти, е од непроценливо значење.

За да може да се постигнат импресивни резултати, неопходен е добар тим кој портфолиото на репроматеријали и функционални додатоци ќе може да го понуди, презентира и визуелизира во нови продукти на пазарот со кој компаниите ќе бидат препознатливи. Како ви успева тоа?

Компанијата и менаџментот знае и верува дека основниот и најважен ресурс е човечкиот ресурс и навистина многу сериозно се обрнува внимание со постојано обучување и едукација на целиот тим.

Водечкиот сектор-технолошко комерцијалниот, годишно поминува неколку обуки за постојано следење на комерцијалните новитети и трендови со цел да се подобрува комерцијалниот пристап кон клиентите.

Што се однесува до стручниот тим, неколку пати месечно имаме различни видови онлајн обуки кои се спроведуваат од нашите професионални производители на суровини, особено сега во последнава година ипол во ковид кризава тоа беше доста фреквентно.

Исто така учесници и посетители сме на многу обуки, семинари и практични работилници организирани од производителите на суровини, во нивните пилотни погони и лаборатории направени по неверојатно високи стандарди.

Неретко организираме работилници ние во П.И.К. Ко Скопје како и во нашата матична компанија Пикко Софија Бугарија, на различни теми и во различни области.

Посетата на светските саеми е неизбежно и многу корисно, на истите се проширува нашата листа на доставувачи како и се продлабочува соработката со постоечките. Различни обуки се спроведуваат и за останатите сектори, логистика, финансии, шпедиција, се со цел да сме во тек со новитетите и сите законитости.

Членуваме и сме активни учесници во различни бизнис организации и здруженија затоа што веруваме дека добрата комуникација и релации создаваат и ги зајакнуваат бизнис можностите.

Сите посочени активности кои се дел од нашето секојдневие се од големо значење да сме и да останеме иновативна компанија. Почнавме со неколку стандардни функционални смеси за низ годините да го прошириме опсегот и да промовираме преку 60 уникатни наменски производи за специјална намена, со специфична функционалност. Работевме напорно за да ја стекнеме довербата на повеќе од 1.000 задоволни купувачи.

Сите процеси во нашата компанија се сертифицирани според ISO 22000 – системот за безбедност на храната. За целосно да ги задоволиме барањата на купувачи, нашите tailor-made производи се Halal сертифицирани.

Кои се идните планови на П.И.К. Ко на македонскиот и пазарите кои оттука ги покривате, во следниот период?

Со цел да ја задржиме иновативноста и истата да ја развиваме и адаптираме според потребите и барањата на клиентите планираме да продолжиме да развиваме нови производи. Продолжуваме да сме беспрекорна, иновативна и максимално флексибилна поддршка за нашите клиенти на македонскиот пазар како и за косовскиот и албанскиот пазар, кои ние во целост ги покриваме. Секогаш подготвени да го споделиме нашето знаење и иновации со цел да придонесеме вашата идеја за производ да стане реалност.

Постигнатиот досегашен успех посакуваме да го удвоиме во следните две децении и заедно со нашите клиенти да продолжиме да растеме и да се развиваме.

Сподели!
- Advertisement -