Помалите земји со повисок квалитет на живот, како што се Кипар и Нов Зеланд, добиваат на популарност.
Без разлика дали станува збор за потрага по подобро време, пониски трошоци за живот или едноставно желба за запознавање нова култура, експертите од компанијата 1st Move International составија листа на најпосакувани дестинации за живеење во светот, пишува Daily Mail.
Анализата на глобалните податоци од пребарувањето на Google покажа дека Канада го зазема првото место втора година по ред, со вкупно 269.220 пребарувања поврзани со преселба само оваа година. Оваа популарна дестинација, која ги надмина 74 други земји вклучени во истражувањето, продолжува да привлекува луѓе со своите прекрасни природни пејзажи и висок квалитет на живот.
Интересни податоци:
Канада има повеќе езера од остатокот од светот заедно и најдолга крајбрежна линија во светот, што ја прави рај за љубителите на природата и патниците.
Кошарката е измислена во Канада – ја измислил Канаѓанецот Џејмс Најсмит во 1891 година.
Квебек Сити е единствениот целосно затворен (со ѕидини) град во Северна Америка.
Канада произведува околу 70% од јаворовиот сируп во светот, главно во покраината Квебек.
Националното животно е дабарот – симбол на трудољубивост и издржливост.
Земјата има два официјални јазика, англиски и француски, и е едно од најмултикултурните општества во светот.
Младите Канаѓани (генерација Z) особено ја ценат различноста, одржливоста и општественото влијание, а 71% од нив веруваат дека можат да го променат светот.
Речиси 99% од лицата на возраст од 18 до 24 години користат социјални медиуми, што ја прави Канада една од најдигиталните земји.
Веднаш зад Канада е Австралија, која привлече 207.900 пребарувања со своите прекрасни плажи и опуштен начин на живот. Третото место го зазеде Ирска со 179.400 пребарувања, по што следуваат Нов Зеланд со 177.700 и Јапонија на петтото место со 172.880 пребарувања.
Португалија, Костарика, Шпанија, Холандија и Тајланд исто така беа меѓу првите десет.
(Blic.rs)
Фото – Pxhere



