Германската индустрија во криза поради недостиг на чипови

- Advertisement -

Германската индустрија повторно се соочува со криза поради тесни грла во синџирите на снабдување со чипови, објави во среда економскиот институт Ифо. Во октомври, 10,4 проценти од производителите во областа на електрониката и оптиката пријавиле недостиг, додека во април тој број изнесувал 3,6 проценти.

Контролите и ограничувањата на трговијата со ретки метали почнуваат да имаат последици“, рече Клаус Волрабе од Иф. „Доколку овој тренд продолжи и се влоши, тоа ќе влијае и на економскиот раст“.

- Advertisement -

Недостаток на чипови пријавиле и 10 проценти од производителите на електрична опрема, а во германската индустрија воопшто тој удел е 5,5 проценти. Тоа е приближно просекот за периодот пред пандемијата, рече Волрабе.Автомобилската индустрија, која е во центарот на загриженоста за можен недостиг на чипови, досега не е погодена – само еден процент од компаниите во важниот германски сектор имаат проблеми досега.

Сепак, Ифо ги анкетира домашните компании за своите извештаи на почетокот на месецот и можно е ситуацијата да биде полоша во ноември. Фолксваген неодамна навести можни прекини во производството поради проблеми со снабдувањето со чипови од Некспериа. Проблемот со недостигот на чипови сега е неспоредливо помал отколку што беше на врвот на глобалната трговска криза во декември 2021 година. Во тоа време, девет од 10 германски компании пријавија недостиг на материјали.

- Advertisement -

Фото – Devian Art

Сподели!
- Advertisement -