Од Зелениково до Скопје со градски воз за 25 минути!

- Advertisement -

Со проектот „Градски воз“, патувањето од Зелениково до Скопје ќе трае 25 минути. Се најавуваат нови траси, ремонт на пругите и електрификација за побрз и почист сообраќај.

Патувањето од Зелениково до центарот на Скопје ќе трае само 25 минути, благодарение на проектот „Градски воз“. Првата фаза опфаќа ремонт на пруга од 24,5 километри, со седум железнички станици кои ќе овозможат побрз, поефикасен и поеколошки транспорт.

- Advertisement -

Директорот на ЈП Железници Инфраструктура, Синиша Ивановски, информираше дека пругата е целосно електрифицирана, што значи дека дизел-возовите нема да влегуваат во Скопје. Ова е значаен чекор кон намалување на загадувањето и модернизација на јавниот транспорт.

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски најави дека Град Скопје ќе се вклучи логистички во проектот, со адаптација на новите железнички точки преку ЈСП Скопје. Целта е да се обезбеди непречено поврзување и да се избегне чекање за граѓаните.

- Advertisement -

(Дојче Веле)

Фото –

- Advertisement -

Сподели!
- Advertisement -