Јазот во платите во Европската унија и износот на месечните промени е секогаш жешка тема, за која и претставниците на владата и граѓаните често не се согласуваат. Од 1 јануари 2025 година 22 од 27 земји од Европската унија имаа законски утврдена минимална плата. Сепак, минималната плата во некои земји сè уште покажува големи разлики меѓу нив, но нееднаквостите се значително намалени кога ќе се земат предвид разликите во трошоците за живот.
Во десет земји од ЕУ, минималните плати беа под 1.000 евра месечно:
- Бугарија (551),
- Унгарија (707),
- Латвија (740),
- Романија (814),
- Словачка (816),
- Чешка (826),
- Естонија (886),
- Малта (961),
- Грција (968)
- Хрватска (970).
Шест земји имаа минимални плати помеѓу 1.000 и 1.500 евра месечно: Кипар (1.000), Португалија (1.015), Литванија (1.038), Полска (1.091), Словенија (1.278) и Шпанија (1.381). Во преостанатите шест земји минималните плати надминуваа 1.500 евра месечно: Франција (1.802), Белгија (2.070), Германија (2.161), Холандија (2.193), Ирска (2.282) и Луксембург (2.638).
Помали разлики кога се земаат предвид разликите во трошоците за живот
Највисоката минимална плата во ЕУ беше 4,8 пати повисока од најниската, но по прилагодувањето за разликите во трошоците за живот, минималните плати се движеа од 878 PPS (вештачка монетарна единица што ја користи Евростат за изразување на националните економски податоци, прилагодена за разликите во цените меѓу земјите) во Естонија до 1.992 PPS во Германија. Во овој случај највисоката плата беше 2,3 пати повисока од најниската.
(Kamatica)



