Швајцарски и македонски компании на заеднички форум во Стопанската комора за нови деловни можности и инвестиции

- Advertisement -

„Поврзување на Швајцарија и Северна Македонија: Деловен раст и партнерства“ е темата на деловниот форум што ќе се одржи утре (вторник), на 11 ноември 2025 година, од 9:00 до 13:30 часот во Стопанската комора на Северна Македонија.

Настанот има за цел да поттикне деловна размена, инвестиции и развој на нови партнерства меѓу швајцарските и македонските компании, преку размена на искуства, идеи и визии за иднината на двете економии.

- Advertisement -

Воведни обраќања ќе имаат Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Северна Македонија, Н.Е. Кристоф Зомер, амбасадор на Швајцарија во Северна Македонија и Оливер Бертшингер, претседател и извршен директор на Стопанската комора на Швајцарија и Средна Европа – СЕЦ.

Во рамките на форумот ќе се дискутира за пазарните изгледи и можности за влез на швајцарскиот пазар, правните аспекти и трговските спогодби меѓу двете држави, како и за потенцијалот за нови инвестиции, технолошка соработка и извозни иницијативи.

- Advertisement -

На панел-дискусијата за потенцијалот за бизнис, трговија и инвестиции меѓу Северна Македонија и Швајцарија ќе учествуваат д-р Андреј Вчковски, основач и поранешен главен извршен директор на Netcetera и член на Одборот на директори на Switzerland Global Enterprise, Димитар Цветковски, претседател на Одборот на директори на Макстил АД и Дуферко СА, Игор Тодорчевски, генерален директор на Alkaloidpharm Corp. (Швајцарија) и Даниел Матракоски, експерт за меѓународна соработка во СКСМ.

Настанот е заеднички организиран од Стопанската комора на Северна Македонија и Стопанската комора на Швајцарија и Средна Европа (СЕЦ), со поддршка на Амбасадата на Швајцарија во Скопје.

- Advertisement -

Фото – Pixabay

Сподели!
- Advertisement -